Накит од апчиња со поминат рок

61-годишната Сузан Брег од Алтадина, Калифорнија има преживеано рак и таа сега апчињата и таблетите со поминат рок, кои ги пиела додека боледувала, ги вградува во рачно изработен накит, за да создаде ланчиња, обетки, приврзоци и круни. Таа го продава накитот кој го изработува, за да ги исплати нејзините медицински долгови.Накит од апчиња со поминат рокНа Сузан Брег и бил дијагностициран рак на дојката во 2004 година.Накит од апчиња со поминат рок.

За првите апчиња кои ги купив, морав да извадам 500 долари од мојот паричник. Погледнав во фискалната сметка која ми дадоа во аптеката, а потоа и во малите таблети и се запрашав: дали се тие скапоцени камења?

Но, идејата за создавање накит од апчиња, на Сузан не и дошла сè до 2007 година, кога учествувала на една уметничка изложба на медицинска тема, организирана од страна на фондацијата Њутаун Пасадина. Таа решила на изложбата да направи лажна реклама за накитот Тифани & Ко., со додавање различни апчиња наместо дијаманти, рубини и смарагди во накитот. Притоа создала фантастична круна со помош на нејзините останати апчиња, со кои се борела против ракот на дојката. Организаторите на манифестацијата ја поттикнале Сузан да креира нејзина линија на накит, која таа сега ја нарекува Designer Drug Jewelry (дизајнер на накит од апчиња).Накит од апчиња со поминат рокСузан веќе не боледува од рак, но и покрај тоа што се поминати дури седум години откако почнала да се лекува, таа сè уште има неисплатени медицински сметки.Накит од апчиња со поминат рокНакитот кој го изработува од апчињата кои не ги употребила, од оние на кои им поминал рокот на траење и оние кои и ги донирале нејзините пријатели, и помага околу кризата со финансиите. Нејзините уникатни уметнички творби се продаваат од 15 до 100 долари, а едно од најпопуларните парчиња накит, е приврзок во чија средина има апче вијагра.Накит од апчиња со поминат рокИдејата на Сузан Брег е дефинитивно генијална по својата природа и говори за нејзината борбеност, упорност и креативност, карактеристики кои таа не дозволила да и згаснат, додека се борела со една од најстрашните болести во 21-от век.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. olja Reply

    brilijantna ideja ! :)

Остави коментар