Моќни љубовни мисли од најромантичниот поет на Инстаграм

Моќни љубовни мисли од најромантичниот поет на Инстаграм

Овие мисли се сè што некогаш сте помислиле за љубовта, но не сте знаеле како да ги кажете. Во океан од артисти што се обидуваат да стекнат Инстаграм слава, има еден поет чија сирова автентичност го издвојува од сите останати. 26-годишниот К. Таун Џуниор со своите објави успеал да привлече толку големо внимание, што веќе над 25 илјади луѓе секојдневно ги следат неговите мисли. Тој пишува едноставни, но моќни изјави за нашите најдлабоки емоции, најчесто за љубов или скршено срце, и тоа го направи на начин што допира до сите! Погледнете и самите…

Моќни љубовни мисли од најромантичниот поет на Инстаграм

„Ако те бакнам за добра ноќ на мојот последен ден на оваа планета, тогаш тоа ќе ми биде доволно.“

„Од музиката што ја имам слушнато досега, само твојот глас има моќ да ми ја смири душава.“

„Наоѓам убавина во твоите солзи и наоѓам храброст во твоите стравови. Токму тоа те прави реална, и во свет што изобилува со маски, ништо не може да биде помоќно.“

„Да ја испреплетите вашата среќа со нечија туѓа е нешто опасно храбро, по природа идиотско, и толку неразбирливо и неспорно човечки.“

„Вистинска личност, погрешно време. Вистинско сценарио, погрешно поглавје. Вистинска поема, погрешна рима и парче од тебе што никогаш не беше мое.“

„Нашите животи можеби не се совпаднаа, но ох, колку добро нашите души знаеја да танцуваат…“

„Не ми недостига тоа што бевме, ми недостигаш ти.“

„Направив многу грешки во мојот живот, но ако секоја од нив требало да се случи за да стигнам тука, во овој момент, и да те запознам, тогаш си простувам себеси за сите нив.“

„Ако бајките нè научија нешто, тоа е дека најмногу се заљубуваме во кратки приказни.“

„Ти рече ‘ние’ и во тој момент знаев дека зборовите беа магија.“

„Изгубен со тебе, во тебе и без тебе.“

„Понекогаш срцето треба да биде скршено за да може да се протне низ решетките околу него.“

„Остави ме без здив или остави ме без тебе.“

„Смири го нејзиниот хаос, но никогаш не ја намалувај нејзината бура.“

„Немав намера да те повредам. Јас бев скршен, а ти се исече од моите парчиња.“

„Дури кога видов соѕвездија во твоите очи и солзи на твоето лице, конечно сфатив што значи целиот свет да се сруши околу тебе.“

„Реалноста е онаква каква што ќе ја направите. Вашиот ум е затвор само ако го замислите со решетки.“

Не ви беше доволно? Прочитајте ги и овие убави мисли за љубовта и тоа што не може да се долови со зборови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар