Кога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подобро

Кога имате нешто добро, штитете го. Чувајте го. Заштитете го. Погрижете се дека никој нема да ви го земе. Знајте ја неговата вредност, разберете ја неговата цена и не кажувајте никому за него. Не дозволувајте луѓето да се посомневаат во неговата незаменливост. Не кажувајте дека ви е страв дека ќе го изгубите или дека не сте биле сигурни кога сте инвестирале во него. Кога имате нешто добро, држете го во безбедни раце и не ризикувајте да го изгубите само затоа што не знаете што да направите со него.

Кога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подобро

Кога имате нешто добро, сакајте го. Бидете љубезни. Гледајте преку малите несовршености и малите дамки, не обидувајте се повторно да го направите цело, сакајте го онакво какво што е, во онаа состојба во која што сте го нашле и сетете се на моментот кога не сте можеле да ги тргнете очите од него, кога првпат сте го виделе. Сакајте го по секоја цена. Сакајте го дури и во оние моменти кога нема да разберете зошто сте го добиле или купиле или зошто сте го посакувале толку многу. Кога имате нешто добро, восхитувајте му се и немојте да го изгубите само затоа што мислите дека не го заслужувате.

Кога имате нешто добро, немојте да барате нешто подобро. Кога покрај вас е вистинското нешто или некој, немојте да гледате во останатото, во полошите верзии, во поновите модели или подобрените функции. Сетете се да го цените она што е покрај вас. Доколку секогаш барате нешто подобро, тогаш нема да сфатите дека она што го имате е веќе најдоброто за вас.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар