Изберете јаболкo и откријте скриени детали за вашиот карактер (како и омилениот јаболков производ!)

Изберете јаболкo и откријте скриени детали за вашиот карактер (како и омилениот јаболков производ!)

Опуштете го умот, ослободете ги мислите и погледнете ја сликата подолу. Погледнете го бројот на првото јаболко што ќе ви падне во очи и дознајте што овој избор кажува за вашиот карактер.

izberete-jabolka-i-otkrijte-skrieni-detali-za-vashiot-karakter-kako-i-omileniot-jabolkov-proizvod

Јаболка број 1

Вие сте отворена и искрена личност. Никогаш не се обидувате да ја скриете вистината, без разлика каква е. Немате скриени намери и зли мисли. Не се плашите да бидете свои, не ставате маски и можеби токму во тоа лежи вашата неверојатна способност за преживување подеми и падови. За вас е среќата и задоволството лежат во малите работи, па затоа и не се грижите премногу. Најголемо задоволство ќе ви овозможи обична зрела јаболка што самите сте ја откинале од гранка.

Јаболка број 2

Имате жив карактер, полн со енергија. Досадата ви е смртен непријател, па затоа и животот ви е полн со случувања и авантури. „Барајте ја возбудата!“ – тоа е вашето мото. Всушност авантурите најчесто и сами ве пронаоѓаат, па не мора да вложувате многу труд за да доживеете нешто магично. Сè што е оригинално и полно впечатоци, ви носи радост во животот. Вашата јаболка, секако, е во глазура со посипани чоколадни трошки.

Јаболка број 3

Вие сте интересна личност – така мислат сите околу вас, освен вие самите. За вас се карактеристични оптимизмот, мечтите и чувството на убавина. И тоа ги инспирира луѓето. Сè што се случува во вашиот живот е интересно за луѓето што ве окружуваат. Вие сте уверливи, дури и кога не се обидувате да смените нечие мислење. За вас, најслатко е да изедете домашна пита од јаболка што остава сладок вкус во устата.

Јаболка број 4

Вашиот најголем адут е доверливоста. Поседувате редок квалитет на урамнотежени мисли, чувства и постапки. Воздржани сте, но понекогаш тоа се граничи и со скромност. Повеќе слушате одошто говорите, но тоа сосема ви одговара. Толку сте предани и доверливи, што луѓето би минале и низ оган ако вие сте крај нив. Вашето омилено освежување е вкусен јаболков ликер.

Јаболка број 5

Радост! Кога некој ќе ве здогледа, тоа е првото нешто на што помислува. Го живеете животот со полно гради, па адреналинот не ви е потребен. Вие уживате во сите убавини на животот – тука се крие и вашиот шарм. Ги цените секојдневните вкусови, звуци, миризби и убавини. Дури и вашата рутина е прекрасна и необична. Вие самите ја правите таква. Од моментот кога се будите ја живеете секоја минута со полни гради, а најискрената среќа за вас е во малите нешта. Исто како и обичната, слатка јаболка, свежо обрана.

Јаболка број 6

Вие сте духовити и проникливи. Имате брз ум и моментална реакција. Сè решавате во движење. Дури и ако не сте премногу социјални, по потреба можете да бидете комуникативни и забавни. Многу сте интелигентни, па во комбинацијата со духовитоста најчесто се одлично друштво. Не сакате популарност, но сепак умеете да ги забавувате луѓето. Која е вашата слабост? Бокал јаболково вино со парчиња вкусно сирење.

Расположени за уште еден тест?

Што прво забележувате на оваа слика?

shto-prvo-zabelezhuvate-na-ovaa-slika-testot-e-tochen-98-kafepauza.mk

Одговорот можете да го најдете тука!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар