Фристајл трикови со инвалидска количка

Арон Фотерингам има телесна попреченост целиот свој живот, а од третата година користи инвалидска количка. И покрај тоа, тој денес се занимава со екстремни спортови.

Фристајл трикови со инвалидска количка

Неговиот брат, инаку страстен возач на BMX, го повикал со себе во паркот велејќи му дека треба да се обиде да направи некој трик со количката. Арон отишол, пробал и никогаш не престанал со тоа. Денеска користи количка изработена специјално за него, од внимателно одбрани материјали кои овозможуваат подобро возење и изведување на сите фристајл лудории кои тој сака да ги проба.

Веќе учествува и во Нитро циркусот, па затоа на следното видео имате можност да ги погледнете триковите кои ги изведува за потребите на една реклама.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар