7 причини зошто е добро да се биде екстроверт во модерното општество

Долго време се сметало дека екстровертноста е пожелна карактерна особина. Потоа, стана модерно да се биде интроверт и сите веб-сајтови и списанија беа преплавени со статии зошто тие луѓе се посупериорни од останатите. Вистината е дека и двата типа на личност си имаат свои позитивни страни, но клучот лежи во тоа да се препознаат и да се искористат најдобро што може. Екстровертите, на пример, го туркаат светот напред со тоа што преземаат бестрашни ризици кои многумина не би се осмелиле да ги преземат. Тие се совесни, друштвени и директни. Ова се 7-те главни причини зошто секој човек треба да има барем по еден екстроверт во неговиот живот и зошто екстровертите му се потребни на модерното општество…

7 причини зошто е добро да се биде екстроверт во модерното општество

1. Екстровертите ги разбираат меѓучовечките односи

Меѓучовечките односи го вртат светот. Без разлика дали станува збор за професионален или приватен однос, многу е важно човек да биде способен да се зближува со луѓето. Екстровертите се експерти по тоа прашање. Тие секогаш ќе можат да ви помогнат да запознаете нови луѓе. Доколку ви треба нова работа, нов партнер или сте преплашени бидејќи не познавате никого на забавата, држете се до вашиот комуникативен пријател. Екстровертните луѓе ќе направат да се чувствувате сигурно, пријатно и опуштено. Ова особено важи за луѓе кои се посрамежливи и тешко им е да стекнуваат нови пријателства. Екстровертите можат да ги воведат во разговорот со нови луѓе и да им помогнат да остават добар впечаток.

2. Екстровертите ќе го направат тоа што вам ви е непријатно да го направите

Овие друштвени луѓе не се плашат да го искажат нивниот став, секогаш се директни и полни со ентузијазам. Не се плашат од критики, туку ги прифаќаат и ги користат за да станат подобри. Доколку ви е страв да кажете нешто, екстровертите ќе го направат тоа за вас. Не им е грижа дали ќе бидат сфатени погрешно или дали ќе остават добар впечаток. Дури и да тргнат работите наопаку, тие ќе знаат како да се справат со таа ситуација и да преминат на друга интересна тема.

3. Екстровертите ќе ве забавуваат

Доколку ви е здодевно и сакате да внесете возбуда во вашиот живот, или, пак, едноставно потребно ви е убаво да се насмеете, јавете се на вашиот екстровертен пријател. На нивните забавни и хумористични приказни им нема крај. Тие ќе успеат да ве расположат за многу кратко време. Секојдневно се соочуваме со лоши вести и трагични настани, така што на сите ни е потребен потсетник дека животот може да биде забавен и убав.

4. Екстровертите ќе ве натераат да го оставите мобилниот телефон

Секако дека и екстровертите ја обожаваат технологијата, меѓутоа контактот со луѓе во живо им е секогаш на прво место. Тие сакаат да комуницираат и да дознаат што се случува во светот. Сакаат да ви ги раскажат нивните искуства, па дури и да ве сослушаат. Со нив никогаш нема да се најдете во ситуација да зјапате во телефонот додека сте излезени.

5. Екстровертите можат да станат ваш личен извор на информации

Доколку разговарате со нив доволно долго, тие ќе ве насочат на вистинскиот пат и ќе дознаете сѐ што ви треба за да продолжите понатаму во животот. Тие познаваат многу луѓе и можат да ви најдат нова работа или да ве запознаат со вашиот иден партнер. Екстровертите обожаваат да им прават услуги на луѓето. Без оглед на тоа дали сте загрижени за вашиот миленик, здравје, или, пак, немате поим каде да најдете квалитетен водоинсталатер, тие ќе знаат што треба да направите.

6. Екстровертите ќе внесат возбуда во вашиот живот

На екстровертите многу брзо им досадува од едните исти работи. Тие мразат рутини и постојано трагаат по нови, возбудливи доживувања. Поседуваат неверојатна моќ на убедување, така што многу лесно ќе ве вовлечат и вас во истата авантура, сакале или нејќеле. Новите искуства ќе ја зголемат вашата креативност и ќе ви отворат нови врати со што несомнено ќе го збогатите животот.

7. Екстровертите ќе ве направат среќни

Многу истражувања потврдуваат дека клучот за среќата лежи во пронаоѓањето смисла во животот, целосното прифаќање на сопствената личност и стекнувањето квалитетен круг на пријатели. Освен тоа, не постои сомнеж дека ќе се чувствувате подобро доколку имате неколку добри пријатели и барем едно долгогодишно пријателство на кое секогаш ќе можете да сметате. Екстровертите нудат безброј можности да ја остварите важната интеракција што ви е потребна во животот.

Доколку вашиот живот е збогатен барем со еден екстроверт, тоа значи дека имате некој кој ќе ви помогне да го совладате хаосот, но и да пронајдете длабочина и смисла во зборот „пријател“. Кога ќе добиете таков подарок, научете да го цените, негувате и да уживате во заедничките неповторливи и возбудливи авантури.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар