6 начини како емоционално интелигентните жени се справуваат со негативните личности

Да се биде успешен бара добра интуиција и емоционална интелигенција која нуди долгорочна стабилност. Низ овој процес на исполнување на целите и достигнувањето успех може да се сретнете со неколку тешки и негативни личности кои се спротивставуваат на вашиот карактер и на природната логика и кои ја предизвикуваат вашата животна сила. Во продолжение прочитајте како емоционално интелигентните жени се соочуваат со ваквите луѓе и со стресните ситуации кои тие ги носат со себе.

6 начини како емоционално интелигентните жени се справуваат со негативните личности

1. Тие воспоставуваат граници. Не можете на сите да им угодите, ниту пак да ги исполните сите нивни очекувања. Кога ова еднаш ќе го сфатите и прифатите тогаш ќе се ослободите од повеќето грижи и несигурности, чувствата на помала вредност, желбата за валидација од другите и грижата на совеста. Емоционално интелигентите жени се издигаат над хаотичните ситуации и држат дистанца со тешките луѓе.

2. Тие се фокусираат на решението. Наместо да се фокусираат на проблемите кои ги прават негативните личности, емоционално интелигентните жени се обидуваат да ги подобрат околностите.

3. Тие не забораваат. Некои велат дека искуството е најдобар учител, а емоционално интелигентните жени тоа го знаат. Тие се свесни дека претходниот проблем со негативните личности обично раѓа нов проблем. Дури и тогаш кога мораат да им дадат на овие личности втора шанса, тие ќе се обидат да се заштитат наоружани со знаење кое го стекнале со претходните искуства.

4. Тие го запираат негативниот разговор. Тешки те личности се полни со негативност и критицизам. Емоционално интелигентните жени одбиваат да го слушаат тоа и ги избегнуваат прашањата во разговорите кои создаваат тензија и поттикнуваат негативни емоции. Сите знаеме колку ваквите разговори ја црпат енергијата и колку сме вознемирени како последица.

5. Тие се фокусираат на својата среќа. Емоционално интелигентните жени се среќни, се сакаат како такви и ќе продолжат да го прават тоа што сакаат да го прават. Тие ги бараат задоволството и среќата најпрвин во себе, а не од надворешните извори.

6. Тие се држат до своите истомисленици за да добијат поддршка. Соочувањето со негативните личности кога сте сами можеби и не е најдоброто решение. Емоционално интелигентните жени имаат поддршка од луѓето кои ги сакаат, ценат и почитуваат и кои ќе застанат зад нив во секоја прилика.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар