3 видови пријателки со кои се исплати да одите на шопинг

Многу жени обожаваат да купуваат сами бидејќи веруваат дека се најдобрите советници за себе. Но, шопингот во друштво има и добри страни, бидејќи одредени ваши пријателки можат да ви помогнат да дојдете до најдобрата и најекономичната одлука. Еве како…

3 видови пријателки со кои се исплати да одите на шопинг

1. Пријателка стилистка: Онаа чија гардероба ја сакате во вашиот шкаф

Таа е секогаш во тек со најновите трендови, но не ги прати слепо и го одбира само најдоброто од нив. Секогаш знае да направи одлична модна комбинација, без разлика на пригодата и нејзиниот стил е беспрекорен. Таа е најдобар избор за оние моменти кога не знаете точно што барате.

2. Одлучна пријателка: Онаа која е секогаш брутално искрена со вас

Таа без двоумење ќе ви каже како ќе ви стои секој вид облека која ќе ја пробате и ќе ви даде искрен совет дали треба да ја купите или не. Исто така ќе ве предупреди и на некое парче облека кое можеби вие не сте го ни виделе. Носете ја со себе кога ќе ви треба специфична модна комбинација.

3. Штедлива пријателка: Онаа која ќе ве спречи во импулсивното купување

Таа ќе ве спречи во вашата потрага на екстравагантни парчиња облека кои ги сакате во вашиот шкаф, но кои реално никогаш не би ги облекле. Исто така, таа секогаш знае кај се најдобрите попусти и брзо ќе ве насочи кон нив. Повикајте ја со вас кога ќе имате строго ограничен буџет.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар