12 вистински морничави приказни кои сигурно ќе ве исплашат

Секој од нас се има најдено во некоја чудна и необична ситуација. А понекогаш не сме сигурни дали тоа било случајно. Ова се 12 мистериозни приказни раскажани од обични луѓе. Оставаме на вас да одлучите дали ќе верувате во нив.

(1)12-mornichavi-prikazni-koi-sigurno-kje-ve-isplashat-kafepauza.mk

„Си одев дома со автобус кога забележав дека еден чуден човек гледа во мене. Тогаш гневно помислив: Зошто ме гледаш? Мислиш дека си единствениот кој може да чита мисли? Човекот затрепери и излезе од автобусот на следната постојка.“

„Бев сама дома и решив да си ја наполнам кадата. Вратата беше затворена, а имаше мал процеп помеѓу неа и подот. Одеднаш забележав нечии стапала пред вратата. Почнав да размислувам што да правам, и решив да не излегувам. Во тој момент некој затропа на вратата од бањата. Јас извикав: ‘Џон, ти ли си? Измиј си ги рацете во кујната. Ќе дојде мајка ми. Дај ми 20 минути, речиси завршив.’ Стапалата исчезнаа. Седев во бањата 5 часа пред да се врати сопругот. Вратата беше заклучена однадвор, па беше невозможно да се отвори однатре.“

„Никогаш немав среќа, за разлика од мојата девојка. Таа имаше среќа во сè. Добиваше награди, наоѓаше работи кои ги изгубила и слично. Еднаш додека ја обвинував мојата лоша среќа за нешто, девојка ми застана до мене, ме бакна и ми рече: ‘Ти давам половина од мојата среќа!’ Наредниот ден си најдов 20 долари, а шефот не забележа дека задоцнив на работа. Дали девојка ми е вештерка?“

(2)12-mornichavi-prikazni-koi-sigurno-kje-ve-isplashat-kafepauza.mk

„Отсекогаш ме интересирал окултизмот. Секогаш се обидував да најдам ретки книги, па дури имав и соба со такви предмети. Еднаш купив една стара книга и ја донесов дома. Подоцна истата вечер, почнаа да се случуваат многу чудни работи. Книгите паѓаа од полиците, мојата мачка беше нервозна, а вратите се затвораа сами. Најстрашно беше кога на прозорецот застана една врана и почна да тропа. Замислете како сум изгледал, возрасен маж со мачката под рака како бега од својата куќа пцуејќи. Веднаш се ослободив од книгата.“

„Беше една врнежлива вечер. Јас и девојка ми спиевме кога таа одеднаш се разбуди и ми рече да одам во дневната соба. Отидовме таму. 2 минути подоцна, дел од таванот се сруши врз мојата страна од креветот.“

„Ги завршив сите обврски дома и отидов на прошетка со ќерка ми. Поминавме некое време на детското игралиште. Решив да отидам до супермаркетот кој беше оддалечен околу 40 минути. Одевме веќе 10 минути кога се појави еден странец и ми рече: ‘Исклучи ја рерната.’ Се смрзнав кога се сетив дека оставив пилешко во рерната. Истрчав дома и кога погледнав назад, странецот се качи во автобус и замина.“

(3)12-mornichavi-prikazni-koi-sigurno-kje-ve-isplashat-kafepauza.mk

„Беше многу темна ноќ. Патувавме со автомобил до друг град. Бев толку уморна што заспав. Тогаш слушнав како некој тропна на прозорецот 3 пати и не можев да сфатам што се случува и каде сум. Тогаш погледнав низ прозорецот и се сетив дека патувавме. Се свртев кон сопругот и сфатив дека и тој заспал. Го извикав неговото име и тој нагло закочи.“

„Изнајмив еден стан. Понекогаш забележував дека некој шеташе низ собите и го извикуваше моето име. Беше навистина морничаво. Еднаш се вратив дома малку пијан и одеднаш здогледав силуета на огромен маж. Толку многу ми се спиеше, што само ги фрлив чевлите кон него и реков: ‘Те молам немој вечер. Пијан сум. Сакам да спијам.’ Оттогаш не се случи ништо паранормално. Веројатно духот се запрепасти од мојата храброст.“

„Многу луѓе ми имаат речено дека имам многу добра интуиција, но мајка ми е посебен случај. Таа може да се разбуди 2 минути пред да добие порака од татко ми кој ја информира дека слетал безбедно. Таа може да спомне некој човек кој не го видела со години, за истиот ден да добие повик од него. Кога имав една сообраќајна несреќа, таа ми се јави 1 минута подоцна за да ме праша дали сум во ред. За жал, не го наследив нејзиниот талент.“

(4)12-mornichavi-prikazni-koi-sigurno-kje-ve-isplashat-kafepauza.mk

„Работев на компјутерот со уште 3-ца колеги во просторијата. Над нас работеа мајстори кои градеа уште еден кат. Одеднаш некој ме допре на рамото и почувствував студ. Се свртив, но зад мене немаше никој. Си помислив дека само ми е потребен одмор. Станав да си наполнам чаша вода и во следниот момент таванот се сруши над моето биро. Никој не беше повреден.“

„Сестра ми страдаше од тешка депресија. Кога не бев дома, таа решила да се самоубие. Отишла на покривот, и пред да го направи последниот чекор ѝ заѕвонел телефонот и одговорила. Тоа бил мојот број, таа го слушнала мојот глас, но сум разговарал со некој друг. Во тој момент разговарав за тоа колку ми недостасува домот и сестра ми. Овој случаен повик ѝ го спаси животот, и таа се врати во собата. До денес е мистерија како баш во тој момент ми се побркал телефонот и ѝ заѕвонел токму неа.“

„Ноќта пред мојот прв испит, мајка ми ми рече ако видам некој број во мојот сон да го запомнам бидејќи можеби тоа ќе биде бројот на мојот тест. Се разбудив малку порано и не можев да се сетам на мојот сон. Повторно заспав и сонував тест со број 18. На првиот испит го добив тестот со број 18, истото се случи и на вториот. На третиот добив тест со број 9, но професорката ги измешала тестовите за да не мамиме, па всушност 9-тиот тест бил 18-ти.“

Ако сакате уште страшни приказни, прочитајте нешто повеќе за најпознатите проколнати кукли.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар