Топ 5 содржини за изминатата недела (28.2-6.3)

Што беше најпопуларно на Кафе пауза деновиве?
Топ 5 содржини за изминатата недела (28.2-6.3)

1. Оние нешта кои не можат да се купат со пари

Животот е постојана борба за „подобро утре“, но убавината на животот не се состои во евентуалната среќна иднина, туку во убавината на живеењето во реалната сегашност, во која треба да научите да бидете задоволни од себе и од она што го имате. Потсетете се на сите оние секојдневни ситници кои успеваат да „украдат“ барем мала насмевка на вашето лице.
.

2. Мали зборови со големо значење

Можеби сакате да се покажете на интервјуто за вашата работа од соништата, да го зацврстите вашето пријателство, да си ја спасите врската или бракот или, пак, да ги мотивирате вработените што се хиерархиски под вас. Во секој случај, зборовите можат да направат разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излечат“, да не инспирираат или да не обесхрабрат, да ни помогнат или да не уназадат. Еве 18 примери на мали зборови со големо значење, во позитивна смисла…
.

3. Додека бебето спие…

Мајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.
.

4. Астрологијата и страста

Што го „пали“ вашиот љубовен партнер? Без разлика дали тој/таа во сексот се поврзуваат на духовно, мистично ниво или си го закажуваат самиот акт во нивниот дневен планер, секој хороскопски знак има позитивен стил кога станува збор за ова задоволство. Откријте како да ја одведете интимноста со вашиот партнер до нови, „магични височини“, дознавајќи го влијанието на планетата која управува со неговиот хороскопски знак.
.

5. Астролошки профил на родените во знакот риби

Интуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат. Повеќето луѓе родени во знакот на риби, имаат вроден креативен набој. Тие имаат уметничка душа и нивната потреба да создадат нешто убаво е многу силна.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар