Топ 5 содржини за изминатата недела (25.10-31.10)

Што беше најактуелно на Кафе пауза изминатава недела?
Топ 5 содржини за изминатата недела (25.10.31-10)

1. Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

Нели би било одлично доколку секој од нас би знаел што точно го возбудува оној во кого сме лудо заљубени? На тој начин, голем број недоразбирања и фрустрации би се замениле со совршена комуникација, прекрасно љубовно искуство и одличен секс. Сè што треба да знаете за да бидете среќни во љубовната врска, е што на вашиот партнер му се допаѓа, а што не. Следува кратка анализа на хороскопските знаци, класифицирани во четирите астролошки елементи: оган, земја, воздух, вода.
.

2. Астролошки профил на родените во знакот скорпија

(23 октомври – 21 ноември) Карактерот на скорпијата варира во зависност од конкретната индивидуа родена во овој знак. Но, одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите скорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи.
.

3. Како да направите оригинално турско кафе

Tурското кафе или Türk kahvesi е верен придружник кој секое утро нѐ расонува и подготвува за предизвиците кој ги носи денот. Неизбежна е неговата подготовка и послужување кога ќе ви дојдат гости. Со локум, некое крцкаво колаче или само со две три коцки шеќер, турското кафе е препознатливо насекаде низ светот по неговата силна арома, густиот кајмак на врвот од шолјата и неверојатниот вкус кој никогаш не може да се заборави.
.

4. Како да научите нов јазик за 90 дена

Најверојатно сите ви зборуваат дека јазик може да се научи само во училиште и доколку посетувате курс за странски јазици. Меѓутоа не е сè така црно-бело. Обидете се да се присетите како сте го научиле вашиот мајчин јазик кога сте биле деца. Тогаш ве интересирало значењето на секој нов збор што ќе го чуете од родителите и постепено низ годините, сте научиле сè што знаете денес. Доколку имате навистина голема страст добро да познавате некој јазик, не мислејќи дека годините ви се пречка, можете да го научите и тоа за само 90 дена.
.

5. Lavazza календар за 2011 година

Едно е сигурно – срцето не може да се контролира. Секој оној кој бил во Италија, знае дека тоа е така. Италија е земја на љубовта и земја каде што сигурно ќе се заљубите.  Тоа е земја каде страста е најчиста. Предрасудите се напуштаат, чувствата се „фаќаат во момент“ и за миг во воздухот може да го почувствувате вистинското задоволство. Погледнете го календарот на Lavazza за 2011 година, ироничен и нереален, страствен и љубовен. Доживејте го патувањето во Италија, читајќи само од фотографиите. Исто како одличен романтичен филм.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар