Господари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!

Господари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!

Рационалноста не им е силна страна на припадниците на овој знак. Ова е знакот во којшто се родени најголем број уметници, поети, сликари и креативци кои не се вклопуваат баш најдобро во општествените рамки. Станува збор за чувствителните Риби!

Господари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!

Тие припаѓаат на групата водени знаци со флегматичен темперамент. Рибите се поврзани со мистичното, бајките и сите други светови во кои преовладува идеалот. Но, дали го знаете митот за соѕвездието Риби?

Според митологијата, секое утро со појавата на Хелиј (богот на Сонцето) од морските длабочини излегувале 50 Нереиди, кои биле ќерки на морскиот крал Нереј. Најубавата од нив, Галатеа, се вљубила во Акид, но истовремено во неа бил заљубен и едноокиот киклоп Полифем, син на богот на морето Посејдон.

Галатеа го одбила Полифем, а тој за да се одмазди, испратил стадо коњи од чиј топот се затресле и морето и земјата, а брановите биле високи како планини. Исплашени, Акид и Галатеа се фрлиле меѓу брановите за да се скријат. Претходно се поврзале со долги сини ленти за да не се изгубат. Кога ја виделе нивната бесконечна љубов и лојалност, боговите се сожалиле и ги издигнале на небото. Така од нив настанало соѕвездието на Рибите.

Од самиот мит можеме да видиме дека со знакот Риби се поврзува апсолутната верба во безвременските емоции. Овој хороскопски знак се смета за носител на идејата за платонска, чиста и безусловна емоција.

Рибите со задоволство се повлекуваат во нивниот свет за да не мора да реагираат на стресни ситуации и да одговараат на непријатни прашања. Од една страна, тие се многу креативни, но од друга страна, пак, воопшто не се практични и не преземаат одговорност за нивните постапки.

Рибите работат само онолку колку што се бара од нив, а ако не мораат, нема да преземат многу обврски. Секогаш им недостасува сон, па затоа сакаат да поспијат некој час повеќе поради што постојано доцнат. Најважно им е да се наспијат, а останатото ќе си дојде само по себе.

Рибите се тимски играчи и немаат големо его. Многу се лојално доколку се испочитуваат нивните барања за флексибилно работно време. Доколку можете да го толерирате нивното доцнење и заминување од работа по некој час порано, ќе добиете посветени соработници и одлични советници. Овој знак не може да функционира со постојано работно време од 9 до 17. Повеќе им одговара работата во променливи смени. Припадниците на овој знак не поднесуваат рутини, па затоа лесно се прилагодуваат на сите промени. Честопати поседуваат талент за музика, сликарство, поезија, па ако навреме тргнат во тој правец, ќе станат многу популарни.

Господари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!

Рибите најчесто имаат крупна градба, широки рамена, крупни очи и полни усни. Мажите родени во овој знак се големи шармери и затоа се неодоливи за спротивниот пол. Тие можат да го ветат целиот свет, а жените наивно да им поверуваат. Овие луѓе имаат развиена смисла за комуникација, па затоа можат да се снајдат во секое друштво. Ќе ги препознаете по отсутниот поглед, светлите очи, неуредната брада и големите очила за сонце. Рибите се обвиени со голема мистерија. За нив се раскажуваат многу приказни кои ниту ги потврдуваат ниту ги одрекуваат. Не се заморуваат со тоа дали другите им веруваат. Жените „паѓаат“ на нивната мистериозна насмевка и неодоливи дупчиња на образите.

Дамите родени во овој знак се одликуваат со неверојатен шарм, љубезност и смисла за естетика. Во нивниот дом преовладуваат боите на сончевиот спектар, а се облекуваат во различни бои. Станува збор за жени кои се издвојуваат од толпата поради тоа што се добри слушатели и советници. Не се наметливи и трпеливо ги чекаат своите 5 минути. Нивните полни усни и крупни очи не може да останат незабележани. Како што минуваат годините, нивната убавина добива безвременски карактер. Тие се класични убавици, а класиката никогаш не излегува од мода. Секогаш се облекуваат елегантно и претпочитаат проверени брендови. Во љубовта можат да дадат многу. Жените родени во знакот Риби се посветени и лојални партнерки. Во екстремни случаи, не можат да ја задржат својата емоционална стабилност и склони се кон промискуитет.

Што се однесува до здравјето, Рибите најчесто имаат проблеми со стапалата. Припадниците на овој знак имаат рамни стапала, деформитети на прстите или повреди во овој дел од телото. Рибите најчесто страдаат од низок крвен притисок, а може да се соочат со проблеми и со црниот дроб и жолчката. Не се препорачува да земаат антидепресиви подолг временски период, бидејќи овој знак може многу лесно да развие зависност од ваков вид лекови. Покрај тоа, тие се склони на наркотици и алкохол.

Припадниците на овој знак многу се интересираат за мистиката, па затоа голем дел од нив стануваат астролози, нумеролози и пророци. Рибите се незаменливи глумци, бидејќи нивната способност за трансформација е огромна. Голем број актерски легенди се родени токму во овој знак, како на пример Лајза Минели, Елизабет Тејлор, Шерон Стоун и други.

2018 година е времето кога Рибите би требало да мрднат од мртва точка и да ги реализираат нивните планови и желби. Овој период ќе бидат поопуштени, но и поцврсти. Ќе добијат унапредување на работа и ќе ги зголемат финансиските средства, што ќе им ја врати надежта и самодовербата. Рибите конечно можат да почнат да го менуваат својот живот на подобро! Во текот на 2018 година многу Риби конечно ќе ги завршат студиите или ќе решат одредени проблеми со законот, додека некои успешно ќе ги преминат границите на родната земја.

Љубовта оваа година ќе им биде особено наклонета. Рибите ќе добијат шанса да обноват некои стари односи или пак целосно да расчистат со луѓето од минатото. Оваа година, Рибите ќе можат слободно да дишат, работат и љубат! Опуштете се и запловете на брановите на животот!

Прочитајте ги и следниве 10 знаци дека сте апсолутни Риби во хороскоп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар