10 знаци дека сте апсолутни Риби во хороскоп

Ако сте родени помеѓу 19 февруари и 20 март, веројатно ги поседувате овие 10 клучни карактеристики за хороскопскиот знак Риби.

10 знаци дека сте апсолутни риби во хороскоп

1. Имате длабоки чувства, за себе и за другите

Рибите се емотивни души. Иако нивната емпатија е многу корисна особина, може да ги направи преемотивни бидејќи тие често се преоптоваруваат со проблемите на другите.

2. Вие сте дарежливи и сочувствителни

Рибите се веројатно највпечатливиот знак кој е подготвен да се жртвува себеси за доброто на другите. Заради ова луѓето ги сакаат и почитуваат, но тие истовремено мора да внимаваат нивната дарежливост да не биде злоупотребена.

3. Со вас е лесно да се поминува времето

Луѓето родени во хороскопскиот знак Риби имаат тенденција да бидат опуштени и флексибилни. Од друга страна, за Рибите често може да биде тешко да се самомотивираат или да донесат одлука и да останат доследни на неа.

4. Вие сте сонувачи

Рибите се спиритуални, рефлексивни луѓе кои сакаат да размислуваат за себе и за нивното место во светот. Треба да се потпирате на други луѓе за да останете во реалноста, инаку би можеле да сонувате со отворени очи со часови.

5. Вашиот омилен тип забава е забава од сожалување

Рибите имаат нагон да ги потиснуваат чувствата и желбите во себе, што може да ги направи многу потиштени. Меланхоличните Риби знаат да станат млитави, па голема е веројатноста да ги начекате по цел ден дома во тренерки.

6. Вие никогаш не сте на време

Ја знаете онаа ситуација кога некој сака да се најдете во 7.30, но бидејќи знае дека секогаш доцните, ви кажува да се чекате во 7? Секако дека знаете, бидејќи сите ваши пријатели и сите кои ги знаете секогаш ви го прават тоа.

7. Вие не верувате во планирање

Не правите конкретни планови, не одите на шопинг со листа, ниту се потпирате на GPS уреди за да стигнете на саканата дестинација. Наместо тоа оставате работите да течат природно и да се случуваат спонтано. Понекогаш ова излегува на добро, но понекогаш и ви се одбива од глава.

8. Артистички души

Рибите се обично артистички типови кои имаат природен дар за сликање, музика, пишување поезија и слично. Уметничкото изразување е всушност една од малкуте работи кои Рибите се чувствуваат комотно да ги споделуваат со другите, откривајќи го својот талент.

9. Тешко ви е да кажете НЕ

Рибите не сакаат да повредат ничии чувства и дозволуваат да бидат повредени самите. Ова ги прави тешки за конфронтации и одбивање на барањата од другите луѓе.

10. Безнадежни романтичари

Креативноста и сензитивноста на Рибите ги прави родени романтичари. Нивната чувствителност ги тера да прават еден куп мали слатки нешта за луѓето кои ги сакаат или со кои се во врска. Сепак, бидете внимателни да не се заплеткате премногу во врската.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. рибичка Reply

    апсолутно.

    • Fishy Reply

      se slozuvam.:)

  2. mysterious Reply

    aj napravete za skorpijaa 😛

Остави коментар