Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги ...

Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги…

Автор: Александар Ниневски

Гет Глу“ е социјална мрежа која ви овозможува да се чекирате на вашите омилени серии, филмови, книги, музика или едноставно да споделите на која тема размислувате во моментот. Како и кај сите останати социјални мрежи, на насловната страница ви се прикажуваат активностите од вашите пријатели. Од тука можете да се чекирате и да го споделите тоа и со вашите пријатели на Фејсбук и со вашите следачи на Твитер. Исто така постојат апликации за Андроид и Ајфон за полесно и побрзо чекирање.Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги...Она што ја издвојува оваа социјална мрежа од Фејсбук, Твитер, Форсквер и од другите на неа слични сервиси, е нејзината голема соработка со филмските и телевизиските студија. Преку овој сајт имате можност да добиете специјални попусти за купување дивидија, музички албуми или за што било друго од официјалните продавници наменети за обожавателите. Врз база на тоа што гледате и што сакате, апликацијата ви генерира предлози за нови серии или филмови кои би можеле да ви се допаднат.Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги...Можеби најзабавен момент се стикерите. Тие може да ги добиете на најразлични начини како кликнување лајк на одреден број серии, филмови…, чекирање на одредена серија или филм, чекирање во одредено време и слично. Доколку освоите одреден број стикери, тие ќе ви бидат испратени на домашна адреса.

Една од предностите на оваа мрежа е тоа што можете да видите што мислат останатите фанови за серијата која моментално ја гледате и на која сте се чекирале. Можете да дискутирате со нив на пример за тоа дали ви се допаднала последната епизода или што мислите дека ќе се случи во наредната.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар