Есенско разубавување на дворот со помош на градинарскиот центар Фоја

Есента носи  своја убавина. Растенијата добиваат интересни бои во есента, додека  некои не ја менуваат бојата како што се зимзелените садници. Есента е идеално време за садење и пресадување декоративни зимзелени садници и цвеќиња, бидејќи земјата има доволно влага, а тлото е сѐ уште топло, па растенијата имаат доволно време да се аклиматизираат и да формираат корења, да можат да презимат, а во пролет со сиот свој раскош да растат.

0-esensko-razubavuvanje-na-dvorot-so-pomosh-na-gradinarskiot-centar-foja-kafepauza.mk

Во градинарскиот центар ФОЈА, кој оваа година прослави јубилеј 15 години од своето постоење, има огромен избор на квалитетни декоративни садници во различни форми и големини, а по пристапни цени.

1-esensko-razubavuvanje-na-dvorot-so-pomosh-na-gradinarskiot-centar-foja-kafepauza.mk

Туја, Фотинија, Лаванда, Елки, Јасмин, Чемпрес, Јапонски јавор, Леиланди и многу други растенија кои воодушевуваат со својот изглед можат да се купат во овој наш реномиран градинарски центар, кој се наоѓа на Бул. Борис Трајковски бр. 152 А (поранешна Првомајска) тел. 277 20 46; 078 362 097. Ќе добиете и бесплатни совети кое растение какви услови за одгледување бара, сончево место или сенка, каква почва, колку да се наводнува и друго, информации кои што се од голема важност, за да не се случи нешто да купите, а тоа веднаш да се исуши.

2-esensko-razubavuvanje-na-dvorot-so-pomosh-na-gradinarskiot-centar-foja-kafepauza.mk

Во Фоја сите се добродојдени! Сите оние кои сакаат да ја раскажат својата приказна, да ги споделат своите доживувања и идеи за уредување на сопствениот дом, двор или тераса. Оние кои сакаат да дознаат повеќе, да се информираат како нивната идеја да созрее.

3-esensko-razubavuvanje-na-dvorot-so-pomosh-na-gradinarskiot-centar-foja-kafepauza.mk

Ќе ни биде драго да го споделиме нашето искуство со Вашето и да пронајдеме рационални растенија и решенија кои совршено ќе Ви одговараат!

Овој месец имаме исклучително широк aсортиман на растенија погодни пред се за УЖИВАЊЕ  И ВОСХИТУВАЊЕ. Ве очекуваме!

4-esensko-razubavuvanje-na-dvorot-so-pomosh-na-gradinarskiot-centar-foja-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар