Викенд книга: „Сонувај малку“ – Сузан Елизабет Филипс

Очајна млада мајка и човек со скршено срце. Топла и романтична приказна која ќе ве насмее и расположи.

Викенд книга: „Сонувај малку“- Сузан Елизабет Филипс

„Подарок за роденден“ од истата авторка е доста популарна, дури и во една прилика ја подарив за роденден (гестот ми се чинеше добар со оглед на насловот), но ја немам прочитано. Откако ја завршив „Сонувај малку“ добив информации дека всушност е еден вид продолжение на „Подарок за роденден“. Сепак, книгите не се строго поврзани, па може слободно да го прочитате нашиот викенд предлог без претходно да сте ја прочитале првата книга.

Филипс пишува топло и романтично, на моменти тажна, па смешна, позитивна, неизвесна, но во секој случај добра приказна. Дури и кога сè во животот ќе тргне по ѓаволите, не заборавајте дека имате можност да сонувате малку, па, dream a little dream (оригиналниот наслов).


Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги


Рејчел Стоун е очајна самохрана млада мајка на која среќата никако да ѝ се насмевне. Без пари, во стара облека, со гладно дете, таа се враќа во родниот град каде ни од далеку не е добредојдена. Луѓето во Салвејшн ја мразат Рејчел, озогласената вдовица на лажливиот и корумпиран свештеник Двејн Сноупс. Но, таа мора да се врати по нешто што ѝ припаѓа неа, нешто што ќе го нахрани нејзиното 5-годишно момче и ќе му обезбеди стабилна иднина. Никој не го сака нејзиното враќање, дури постојат и такви кои ќе сторат сè што е потребно за да ѝ дадат до знаење дека тука не е добредојдена. Но, ликот на Рејчел ќе ве инспирира и понесе. Таа е млада и борбена, решителна жена која е подготвена да се избори со сè и сешто и ни на крај памет не ѝ е да си замине без борба.

Од другата страна е Гејб Бонер кој навидум е човек без срце. Ретко се смее и се чини дека ја изгубил способноста да биде среќен, задоволен и да покаже љубов и сожалување. Но, тој се крши и се предава пред слабото тело на Рејчел. Оваа исклучителна жена со стар син фустан и машки чевли ќе му го преврти светот наопаку, онака како што никогаш не би ни замислил дека може да му се случи.

Во еден ден, еден расипан автомобил пред неговото авто-кино, вознемирено дете кое му навраќа болни спомени и жена која е толку смела што нема влакна на јазикот, ќе му го променат животот на Гејб Бонер засекогаш.

И Гејб и Рејчел скоро се вратиле во родниот крај за повторно да се соочат со духовите од минатото. Синот на Рејчел не му ја олеснува болката на Гејб бидејќи во неговите очи го гледа својот изгубен син. Рејчел се плаши дека ако дозволи да му се предаде на овој човек без срце, никогаш нема за возврат да ја добие љубовта што ја заслужува бидејќи тој еднаш ја дарувал својата љубов и ја изгубил.

Ми се допадна психолошката анализа на ликовите. Протагонистите се доста добро изградени. Паралелно со приказната за Рејчел и Гејб се протега и интригантната и хумористична љубовна сторија на неговиот брат, свештеникот Итан и Кристи. Иако Рејчел и Гејб го имаат главното светло, другите ликови доста добро ја зачинуваат приказната и поттикнуваат прашања од морална и религиозна природа. Исто, хуморот е навистина добар. Книгава ќе ве насмее на еден необичен и топол начин и ќе ве освои од првите страници. Сепак, на моменти почувствував дека е по малку филмски и нереално, но не го пропуштив она главното – книгава нè тера да веруваме во чуда и во своите соништа. Иако навидум чик-лит, не е баш типична лигава љубовна приказна па верувам дека би им се допаднала и на мажите.

Вреди да се прочита. Дозволете си вашиот живот да биде побогат за уште една топла и загадочна приказна, бидејќи знаете како велат, оној кој не чита го живее само сопствениот живот, но оној кој чита, живее илјадници животи.

„Не постоеше ништо друго, освен оваа возбудена жена и месечевата светлина и миризливиот летен воздух кој ги допираше нивните тела низ отворениот прозорец. Тој го најде заборавот кој му беше потребен…“

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 27 септември 2014.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Natasa Jovanovska Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги-Natasa Jovanovska

  2. Anonymous Reply

    Prekrasna kniga

  3. Јованка Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Јованка Младеноска

  4. ana Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Ana Spiroska

Остави коментар