ТВ серија: Спасение (Salvation)

Студент на МИТ и ѕвезда во светот на технологијата се обидуваат да најдат начин да го спасат човештвото од астероидот што патува кон Земјата

(1) tv-serija-spasenie-salvation-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Ијан Антони Дејл, Сантијаго Кабрера, Џенифер Финиган

Жанр: драма, научна фантастика, трилер

Креатори: Елизабет Кругер, Крег Шапиро, Мет ЏЛ Вилер

Премиера: 12 јули 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9.00 од 10)

Loading...Loading...

Изгледа никогаш нема да ни здодее да измислуваме различни приказни за можното уништување на човештвото од страна на астероид. Најверојатно оваа фасцинација доаѓа од теоријата дека диносаурусите изумреле токму на овој начин, правејќи ни нам место за еволуирање. Како што многупати сме гледале досега, така и овој пат приказната започнува со откривање на огромен досега незабележлив астероид што се движи кон Земјата и што има потенцијал да предизвика изумирање на целото човештво. И секако, тој астероид го открива млад гениј, студент на факултетот МИТ кој потоа мора да соработува со најголемата суперѕвезда во светот на технологијата за заедно да најдат начин да ја спасат планетата и животот на неа.

(2) tv-serija-spasenie-salvation-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-spasenie-salvation-www.kafepauza.mk

Иако на прв поглед делува примамливо и самата приказна има потенцијал, сепак оваа ТВ серија на моменти е многу здодевна. Темпото на развој на настаните е премногу брзо и нафрлано, не оставајќи ни доволно време да ги запознаеме ликовите, ниту пак да сфатиме што точно се случува. На самата приказна ѝ недостасува длабочина што би можела да нè натера да се почувствуваме како да сме таму и нам да ни се случува тоа низ што минуваат ликовите, па затоа и вашето внимание може лесно да биде одвлечено екранот, дури и без да забележите. Но со оглед на тоа што самата тема има потенцијал, а и актерите се одлично избрани, можеби со понатамошните епизоди нештата ќе се подобрат. Останува да видиме…

(4) tv-serija-spasenie-salvation-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-spasenie-salvation-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар