Филм: Хичкок (Hitchcock)

Зад секој психо стои успешна жена

Филм: Хичкок (Hitchcock)Режија: Саша Џервази

Улоги: Ентони Хопкинс, Хелен Мирен, Скарлет Јохансон, Џесика Бил

Времетраење: 98 минути

Јазик: англиски

Премиера: 14 декември 2012

Жанр: биографија, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 9.06 од 10)

Loading...Loading...

Официјалниот слоган на биографскиот филм за Алфред Хичкок е „Зад секој психо стои успешна жена“, а тој е така смислен за да ги собере во себе двете приказни кои меѓусебно се испреплетуваат во овој филм. Едната, која навидум е централна, е спроведувањето на идеја за филм од почеток до крај со неопходната упорност и пребродувањето на бројни тешкотии. Втората, веројатно многу поважна, е значењето на љубовта и поддршката која сопругата на Хичкок му ја дава за тој да може да ги реализира своите цели.Филм: Хичкок (Hitchcock)Хелен Мирен одлично ја толкува Алма, сопруга, пријателка и најблизок соработник на Алфред Хичкок (Ентони Хопкинс). По неговиот голем успех со филмот „Север – северозапад“ (North by Northwest) таа го советува да ги прифати понудите за неколку големи блокбастери во најава, но за разлика од неа Хичкок сака нешто поинакво. Тој копнее по младешката полетност од неговите режисерски почетоци кога одбирал смели сценарија на кои не им се предвидувало голем успех и се решава за екранизација на книгата „Психо“. Алма не е воодушевена од неговиот избор, но тој не сака да чуе за ништо друго.Филм: Хичкок (Hitchcock)Таа полека ќе почне да прифаќа да соработува со својот сопруг откако ќе ѝ ги каже своите невообичаени и храбри замисли за снимањето, но филмските студија не сакаат ни да помислат на таков филм. Тие преферираат проверени варијанти, а тоа нив ќе ги остави без пари за снимање. Во потрагата по финансиски средства ќе се решат дури да ја заложат и сопствената куќа и некако ќе успеат да соберат доволно пари пред Хичкок да започне со снимање.

Тогаш кога веќе изгледа дека работите доаѓаат на свое место се случува уште еден заплет во филмот. Алфред и Алма ќе почнат да се сомневаат еден во друг, во нивната искреност и посветеност на бракот, што доведува до бројни недоразбирања кои многу очигледно ќе се одразат и на процесот на снимањето.Филм: Хичкок (Hitchcock)Филмот е базиран на книгата „Алфред Хичкок и создавањето на Психо“ од авторот Стивен Ребело која наводно многу прецизно ги опишува сите настани во врска со легендарниот режисер и околностите во кои го снимал овој филм. Без разлика на тоа колку режисерот Саша Џервази се водел според наводите на оваа книга или додал нешто за да драматизира повеќе, тој во секој случај успева да ни даде детална претстава за односот на Алфред Хичкок со Алма и нејзиното значење во неговиот живот.Филм: Хичкок (Hitchcock)Направил филм којшто е забавен и лесен за гледање без да прави компромис на сметка на одличната приказна и ликовите. Ентони Хопкинс лесно ќе ве освои со вообичаено брилијантната глума, ќе ве внесе во неговиот посебен однос со сопругата, а таа ќе ве внесе во нејзиниот однос со сопругот, така што поминување 98 минути со ваков филм е добро потрошено време.Филм: Хичкок (Hitchcock)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар