3-те најочекувани августовски филмски премиери

Август е еден од оние месеци во кои ќе излезат голем број познати филмски наслови. Но кои се најочекуваните и најпопуларните премиери за време на најтоплиот летен месец? Погледнете ја следнава листа од 3 филма што гарантирано ќе ви го „размрдаат“ летото.

1. Темната кула (The Dark Tower) – 4 август 2017

(1) 3-te-najochekuvani-avgustovski-filmski-premieri-www.kafepauza.mk

Револверашот Роланд Десчејн талка низ предели слични на Стариот запад во потрага по темна кула со надеж дека ќе најде начин да го зачува светот во изумирање. Овој филм е правен според познатата серија книги со истото име на Стивен Кинг.

2. Анабела: Создавање (Annabelle: Creation) – 10 август 2017

(2) 3-te-najochekuvani-avgustovski-filmski-premieri-www.kafepauza.mk

Неколку години по трагичната смрт на нивното мало девојче, кукларот и неговата сопруга го отвораат својот дом за калуѓерка и девојчиња од срушено сиропиталиште, по што набрзо ќе станат мета на Анабела, опседната креација на кукларот.

3. Телохранителот на платениот убиец (The Hitman’s Bodyguard) – 18 август

(3) 3-te-najochekuvani-avgustovski-filmski-premieri-www.kafepauza.mk

Најдобриот телохранител во светот добива нов клиент, платен убиец што мора да сведочи на Интернационалниот суд за правда. Тие мора да ги тргнат настрана своите разлики и да работат заеднички за да можат да стигнат навреме за судење.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар