Вага и скорпија – пријателска комбинација

Не е возможно вагата да не се „заплете“ во мрежата на интригантната скорпија. Таа маѓепсува со својата појава и мистериозност, која ја буди љубопитноста кај вагата и ја принудува да ù постави на скорпијата неколку прашања за нејзиниот живот. Скорпијата не може да одолее на шармот на вагата, така што не треба ни да се обидува да го стори тоа. Таа е сосема обземена од убавината, грациозноста, досетливоста и хумористичноста која ја поседуваат преставниците на овој хороскопски знак.Вага и скорпија – пријателска комбинацијаАко вагата успее да извлече некоја информација од мистичната скорпија (а најверојатно ќе успее, благодарение на нејзиниот шарм), таа ќе биде шокирана, бидејќи скорпијата може да ги почувствува нејзините најдлабоки емоции, да навлезе во нивниот корен и да им направи длабока анализа во рок од 5 минути. Длабоко во себе, вагата ужива да ги слуша откачените, несекојдневни приказни од животот на скорпијата и до извесна мера да се соживува со нив.

Емоциите на скорпијата се многу подлабоки од оние на веселата и поповршна вага. Ваквата емоционална разлика помеѓу овие пријатели, може понекогаш да создаде проблеми помеѓу нив. Додека вагата смета дека дава вообичаени забелешки, скорпијата може да ги сфати како остри прекорувања. А бидејќи скорпијата ретко кога гласно го изразува нејзиното незадоволство, тензијата може да порасне и да го растресе пријателството помеѓу неа и вагата. Ако скорпијата има некаков проблем со вагата, подобро е веднаш да ù го каже. Скорпијата може да смета на здравата логика на вагата, која најверојатно исправно ќе ги „измери“ нејзините поплаки.

Недоразбирањата помеѓу вагата и скорпијата магично исчезнуваат кога тие прават интересни работи заедно како лизгање на мраз, возење ролери, синхронизирано пливање, покер со мали влогови пари и разни други игри во кои заеднички уживаат. Овие пријатели исто така имаат голема страст за возење со јахта, лудување по ноќни клубови и уживање во добри театарски претстави.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Stole Reply

    Uste da najdam pitoma skorpija

Остави коментар