Вага и риби – љубовна комбинација

Сподели

Кога вага и риби се во љубовна врска, тие имаат урамнотежена романса во која партнерите одлично си одговараат. Овие два знака се многу компатибилни и градат навистина „мазна“ љубовна врска. Двата знака живеат во склад со естетиката, но исто така имаат и доста да си понудат еден на друг.Вага и риби – љубовна комбинацијаКога рибите ќе се загубат во фантазии, вагата со својата склоност да балансира може да му помогне на партнерот да се врати на правата патека, додека тој ќе возврати со тоа што ќе ѝ помогне на вагата да ја види убавината во љубовта и соживотот. Ова е искрена врска која ги вреднува хармонијата и вистината во љубовните односи и во светот воопшто.

Овие два знака покрај тоа што се одлични љубовни партнери, се и многу добри другари. Тие меѓусебно се разбираат. И двајцата можат да бидат неодлучни и да имаат тенденција да се насочуваат кон повеќе работи одеднаш.

Проблеми помеѓу нив ретко се јавуваат, но вагата некогаш може да биде премногу манипулативна со рибата. Понекогаш може да се случи тие дури и да престанат на сред некоја работа поради својата неодлучност. Ако работат заедно на проект, без разлика дали станува збор за подобрување на нивната љубовна врска или нешто друго, може да биде тешко да тргне работата напред. Доколку вагата и рибите имаат некаква кавга, тие гледаат што побрзо да си простат и да заборават на тоа. Вагата не поднесува кавги и ќе направи скоро сѐ за да ги избегне, а рибите поседуваат голема емпатија и се во состојба да простуваат, разбирајќи ја позицијата во која се наоѓа нивниот партнер.

Вагата е водена од Венера (љубов), а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Овие два знака се доста компатибилни поради тоа што женските енергии на Венера и Нептун функционираат како тандем. Под влијание на Јупитер и Нептун, рибите се многу замислени. Влијанието пак на Венера на вагата, ја прави заљубена во љубовта. Вагата е знак на партнерството и се чувствува поудобно кога се наоѓа во интимна љубовна врска. Двата знака ги користат двете глави за да ги решаваат проблемите, што е добитна комбинација. Најдобрите одлуки ги донесуваат и со помош на емоциите и со помош на разумот, заради што оваа врска е флексибилна и може да се подобрува.

Сепак, кога ќе им се случи некаков проблем, тие ја губат способноста за комуникација. Вагата која знае да биде манипулативна, може да го игнорира партнерот со молчење. Во оваа врска, секогаш има скриени струења на неслога, но ниеден од партнерите никогаш нема да се осмели да почне дискусија за нешто вакво. Иако може често да имаат несогласувања, нивните разлики во размислувањата не траат долго.

Единствен реален проблем кој можат да го имаат, може да произлезе од нивната тенденција да го забавуваат случувањето на работите, до степен сосема да ги игнорираат кога ќе се видат на наредниот состанок.

Вагата добива нови идеи и почнува со работа на нови проекти, додека знакот риби се сложува да ја следи вагата во ова и прифаќа каква било улога која ќе му биде доделена. Ако двајцата почнат да работат на проект кој не се однесува на нивната љубовна врска, тие добро ќе функционираат заедно. Тие се однадвор скромни, но вагата сака да добива признание, а на рибите тоа не им пречи. Исто така, ако на вагата ѝ се случи да се загрее за некоја идеја и потоа наеднаш да се премисли (што често се случува), на рибите нема да им пречи и тие да ја променат насоката.

Најдобриот аспект од нивната врска е нивниот заеднички интерес за помагање на други луѓе во светот. Тие се одличен пар заради ентузијазмот, енергијата и желбата за искрена врска.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. natali Reply

    ne mi se veruva :) )) !!! prv pat da sretnam nekade deka ribite i vagata se dobar par …A voedno da se tolku dobro opisani ! Epten se pronajdov vo celost hahah stvarno ne mi se veruva ???

  2. софи Reply

    ај ако може риби и девица :)

    • fance Reply

      mislam deka moze devicata e partner planer a ribata sonuvac znaci vzaemno ispolnuvanje na obostran son srekno pozdrav

  3. Manekenka Reply

    JAs i mojot decko sme vaga i riba i potpolno e se vistina…osven
    toa so vagata i manipulacijata…:)

  4. fance Reply

    ne svakajte se zdravo za gotovo moze se da bide pofleksibilno i sigurnosta vo ljubovta e navistina prekrasna ispolneta so emocii i vzaemno razbiranje i pomagnje pozdrav i srekno

Остави коментар