Стрелец и риби – љубовна комбинација

Кога стрелец и риби стапуваат во врска, нивните љубовни соништа постануваат реалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој постојано нешто размислува, филозофира и без тешкотија преминува од една на друга работа, со ист интензитет на енергија. Рибата е позатворена и духовна личност, која преминува од една на друга работа во нејзиниот мозок. Во некои сегменти тие се многу различни и на луѓето кои не ги познаваат би им било чудно како тие воопшто се „споиле“. Но нивната љубов, со тек на време може сè повеќе да расте и стрелецот и рибите ќе умеат сè подобро да ги остваруваат желбите и мечтите на својот партнер.Стрелец и риби – љубовна комбинацијаСтрелецот е дружељубив, снаодлив и енергичен, а кога е во врска со риби, тој се јавува во улога на заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат му дава тотална поддршка и разбирање и умее на еден суптилен начин да го релаксира незапирливиот стрелец. Таа е лесно прилагодлива личност и нејзината енергија во врската ја насочува кон разбирање, поддршка и сочувствување со нејзиниот стрелец. Рибата е всушност хороскопски знак кој е најтрпелив во однос на резервираноста и дистанцираноста на стрелецот во љубовните врски.

Стрелецот и рибите се предводени од иста планета – Јупитер, а рибата и од Нептун. Јупитер симболизира истражувачка работа, која е на различен начин манифестирана кај двата знака. Влијанието на Јупитер во рибите се јавува на еден апстрактен начин; тие честопати имаат желба да го спасат светот (најчесто во форма на заштита од загадување, преку рециклирање и екологија). Стрелецот од друга страна преферира да ги прошири своите хоризонти преку академско образование. Нептун во рибата внесува илузија, способност за смислување добри идеи, како и гледање на работите од поширок аспект, но во одредени ситуации и разочарување и живеење во фантазии.

Стрелецот може да и помогне на рибата да застане цврсто на земја. Јупитер преку своето влијание врз рибата може да воведе нежност во повремените тврдоглави и непромислени испади на стрелецот. Стрелецот е огнен знак, а рибата воден. Овие два елемента можат да создадат одличен љубовен пар, доколку вложат малку од себе во врската. Тие умеат на еден природен начин да ги доживуваат ситуациите и постапките на луѓето, што пак им го олеснува решавањето на проблемите.

Рибите на стрелците можат да им дадат насоки и да ги научат како да бидат понежни, додека стрелците можат да им возвратат учејќи ги како да бидат авантуристи и да го истражуваат светот. Оваа двојка ќе ужива патувајќи заедно.

Понекогаш рибите можат емоционално да го гушат стрелецот, а премногу „вода“ е лошо за неговиот огнен дух. Спротивно на тоа и премногу „оган“ може да ја загрее водата, па рибата да почне да „зоврива“.

Стрелците и рибите мораат да ги употребуваат нивните перспективни вештини за да ја подобрат врската, посветувајќи се секогаш на тоа што му е потребно на партнерот. Ниеден од партнерите не сака да доминира во врската. Тие уживаат еднакво и сакаат нивните идеи да се остваруваат. Рибите се многу среќни кога им помагаат на стрелците. Никој од нив не се преокупира со конечните резултати од направеното, за нив важна е забавата. Бидејќи стрелецот и рибите немаат проблем околу тоа кој која улога ја зазема во врската, тие можат без проблем заеднички да работат кон остварување на нивните цели и да постигнат големи успеси.

Најдобриот аспект од комбинацијата стрелец и риби, е тоа што тие можат да извлечат корист од нивната мудрост и истовремено да се сложуваат совршено. Рибите им покажуваат на стрелците како да се соживуваат и да се грижат, а тие ќе ги научат како да ја претворат фантазијата во реалност. Способноста овие два знака да си ги надополнуваат недостатоците ја прави оваа врска исклучителна.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар