Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

Дали имате идеја каде би оделе на одмор? Не мора да размислувате повеќе, бидејќи ѕвездите можат да ја донесат таа одлука за вас. Дури и да не можете да си дозволите патување на предложените дестинации, вашиот хороскопски знак дефинитивно ќе ви открие каков одмор ви треба летово. Во продолжение, дознајте која е вашата совршена летна дестинација…

Овен – Мауи, Хаваи

Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

Овните се постојано зафатени и полни со енергија. На овој огнен знак му треба постојана стимулација за да не му биде здодевно. Островот Мауи на Хаваи е совршеното место за одмор, бидејќи таму Овните ќе можат да пливат и сончаат на плажат, но и да се забавуваат до раните утрински часови. Зошто да не се повозите на хеликоптер и со свои очи да видите вулканска ерупција?! Звучи возбудливо, се согласувате?

Бик – Скијатос, Грција

Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

На Биковите им треба опуштен одмор каде што ќе можат да уживаат во добрата храна, прекрасната атмосфера и тишината. Им треба место што ќе ги заскокотка сите нивни сетила, па затоа овој мал грчки остров е совршената дестинација за нив ова лето. Одмор во текот на денот покрај маслинови дрвја и луди забави навечер. Совршена комбинација за хедонист како Бикот! Освен тоа, местото не е предалеку од дома, па овој одмор нема да ви претставува преголемо излегување од удобната зона.

Близнаци – Рим, Италија

Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

На Близнаците им треба место што ќе им понуди можност да се запознаат со различни луѓе од различни места. Тие обожаваат да патуваат низ светот и да пробуваат нови работи, да учат за интересни култури и да се дружат со луѓе богати со знаење и искуство. Големиот град Рим во прекрасната Италија е совршениот избор за нив. Таму постојано ќе имаат што да прават, каде да одат и и да се забавуваат.

Рак – Трпејца, Македонија

Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

Раковите толку многу си го сакаат домот што тешко им е да го напуштат. Нивниот идеален одмор е на место што им е познато и што не е далеку од дома за да можат да останат во контакт со најблиските пријатели и семејството. Освен тоа, Ракот е воден знак па вилата која излегува директно на плажа совршено ќе му одговара. Трпејца е фантастичен избор за припадниците на овој знак, бидејќи таму ќе го најдат мирот и спокојот што очајно им треба.

Лав – Каиро, Египет

Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

Лавовите сакаат големи и фантастични работи. Патувањето во Каиро ќе им овозможи да јаваат коњи во пустина и да се облекуваат во убава облека, а тоа ќе им помогне да го пронајдат својот внатрешен фараон. Освен тоа, Каиро има многу активен ноќен живот, па припадниците на овој знак ќе можат да излезат во град дотерани и полни со самодоверба.

Девица – Маракеш, Мароко

Дознајте каде треба да патувате летово според вашиот хороскопски знак

Девиците обожаваат да разговараат, да патуваат и да учат нови работи. Тие сакаат да посетуваат нови и интересни места каде што ќе можат да шетаат, да одат во музеи, да истражуваат и да бидат вклучени во разни активности. Мароко е совршеното место за Девиците бидејќи е богато со историја и нуди многу интересни работи како што е посета на Узудските водопади и Тајната градина во Маракеш.

Продолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар