15 работи кои само Стрелците можат да ги разберат

Стрелецот е највеселиот и најоптимистичниот знак во целиот хороскоп. За нив депресивен ден скоро и да не постои. Креативни, полни со идеи и секогаш иновативни, Стрелците се луѓе кои секој би сакал да ги има покрај себе.

1-15-raboti-koi-samo-strelcite-mozhe-da-gi-razberat-www.kafepauza.mk_

1. Тие сакаат да подаруваат разни подароци, па затоа не чудете се ако добиете подарок од некој Стрелец, иако сте го запознале неодамна. Тие ги сакаат луѓето и сакаат да им измамат насмевка на лицето, па затоа подарувањето им е омилен начин за да успеат во тоа. А понекогаш самата насмевка е голем подарок, нели?

2. Кога сите нивни пријатели се тажни и нерасположени, Стрелците се спротивно од нив. Иако ова може да предизвика нервоза кај нивните пријатели, тие нема да го сменат начинот на кој гледаат на светот – преку розови очила.

3. Стрелците се вечни мислители! Тие сè што направиле или кажале веќе го испитале и испланирале во својата глава и никогаш нема да бидат задоволни.

4. Не сакаат да губат, па запомнете го ова ако се натпреварувате со нив. Стрелците не сакаат да губат ниту во животот, па затоа ќе се борат до последен здив за она што сакаат да го добијат.

5. Покрај тоа, Стрелците може да бидат неверојатно упорни и тврдоглави, особено ако им криете нешто. Мораме да ве предупредиме – помирете се со фактот дека на крајот на свој начин ќе ве натераат да им признаете се.

6. Познати се по тоа што носат вино на заедничките собирања, бидејќи не се успешни готвачи. Затоа ја избегнуваат кујната и се држат до посигурни нешта.

2-15-raboti-koi-samo-strelcite-mozhe-da-gi-razberat-www.kafepauza.mk_

7. Никогаш не им е јасно како на нивните пријатели понекогаш може да им биде досадно. Па, има толку многу интересни работи околу нас за да ни биде досадно.

8. Тие со задоволство ќе започнат разговор на која било тема, бидејќи тие не можат да живеат во сомнеж. Најубаво е се да им кажете јасно и гласно отколку приказната да се продолжува во недоглед.

9. Стрелците се неверојатно креативни, па нека не ве чуди кога ќе ви кажат дека во глава им се вртат 900 идеи од кои половина се веќе започнати, а некои реализирани. Тие едноставно не можат да живеат, а да не прават ништо.

10. Стрелците не знаат да ги скријат своите емоции. Ако ви се лутат, јасно ќе може да го забележете тоа. Исто така ако се заљубени или пак среќни, ќе може да ги прочитате како отворена книга.

3-15-raboti-koi-samo-strelcite-mozhe-da-gi-razberat-www.kafepauza.mk_

11. Никогаш не се задоволни со себе, дури иако некој постојано им доделува комплименти. Тие секогаш мислат дека можат подобро од тоа.

12. Стрелците се малку нетактични кога се во прашање соопштувањето на лоши вести, а такви се и кога некој друг треба да им соопшти таква вест.

13. Тие секогаш сакаат да бидат во право! Никогаш нема да се караат со вас, но тие се оние кои на крајот ќе стават точка на разговорот.

14. Стрелците се многу хумани. Тие ќе му помогнат на секого на кого му е потребна помош.

15. Стрелците не сакаат да доцнат, и мразат кога другите го прават тоа. За нив чекањето е пекол, па затоа кога треба да се сретнете со нив бидете дојдени на време, а нема да згрешите ако подранете.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Пеце Reply

    не сте точни вие

Остави коментар