10 знаци дека сте апсолутен Стрелец во хороскоп

Последните 30 дена од есента се резервирани за Стрелците. Ова се 10 карактеристики кои ве прават „Стрелец со тапија“ и кои се истовремено и добри и не толку добри, зависно од ситуацијата. Но, важно е да се прифатиме себеси и да ги совладуваме нашите недостатоци, нели?

10 знаци дека сте апсолутен стрелец во хороскоп

1. Директни сте и веднаш сте спремни да се спротивставите во конфликтна ситуација

Зошто па да си го губите времето. Некогаш, ако не сте баш внимателни како се изразувате или кога разговарате со почувствителни луѓе, ова може да се сфати како дрско и безобразно однесување. Сепак, директноста е и добра особина која понекогаш ви користи што ја имате.

2. Неуморни сте, постојано барате нова авантура

Стрелците понекогаш сакаат да бегаат од работите за да можат да јурат барајќи нови авантури. Но, оваа особина истовремено ве прави адаптибилни на промени.

3. Многу сакате да давате великодушни подароци, што понекогаш дури знаете да претерате

Но што да се прави кога пакувањето и завиткувањето подароци е толку забавно!?

4. Вечни оптимисти

Не дека и вие понекогаш не станувате цинични, но при тешки ситуации многу побрзо се враќате во нормала од другите луѓе.

5. Домаќинските работи не ви се силна страна

Можеби сепак сте успееле да го совладате избегнувањето на домаќинските и особено кујнските работи. Ако е така, браво за вас – успешно сте ѝ се спротивставиле на природата.

6. Не сте баш најфлексибилни

Кога работите во групи или пак под надзор на претпоставен кој не го почитувате знаете лесно да се исфрустрирате и да се налутите. Сакате постојано вие да ја имате контролата. Но, за жал, ова не е секојпат возможно.

7. Вие сте интроспективна личност која сака да работи на своето себеподобрување

Ова е одлична карактеристика, но поради тоа често може да им делувате отсутно на другите луѓе.

8. Многу високо ги вреднувате младоста и слободата

Ова може да ви направи проблем да се смирите и средите, но Стрелците истовремено се и одлични во исполнување на задачите кои ќе намислат да ги завршат.

9. Со вас не е многу забавно да се играат друштвени игри и групни спортови

Не дека вие сакате да победувате, вие МОРА да победувате.

10. Вие сте мудри луѓе на кои другите им веруваат и имате моќ да ги сфаќате другите луѓе

Исто така и си имате потреба често да кажувате: Нели ти реков? Ти реков ли?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mobitel Reply

    Се е точно до точка. Можеби некои работи и не се баш сјајни, меѓутоа се вистина. 😀

  2. Mobitel Reply

    Се е точно. Можеби некои работи и не се баш најсјани, но како и да е се е вистина, бар за мене. 😀

  3. Маце Reply

    aj napishete za lav 😀

  4. Katica Cvetkovic Reply

    pa da receme deka vo nekoj raboti i dobro ste gi opisale strelcie no toa ne znaci deka site strelci se se isti jas poznavam poinakvi od mene sto znaci vo globala da megutoa zivotot se sostoi i od finesi

  5. hey Reply

    aj za rak i bliznaci ve molam

Остави коментар