Жени споделуваат за што зажалиле најмногу во животот

Жени споделуваат за што зажалиле најмногу во животот

Со цел да ги спречат другите да ги повторат нивните грешки, жените од форумот на Редит ги споделиле нештата за кои најмногу зажалиле во нивниот живот. Некои од нив признале дека најголемата грешка им била што останале во врска во која биле малтретирани, додека другите жалеле што не се обиделе да се ослободат од канџите на анорексијата.

Жени споделуваат за што зажалиле најмногу во животот

Сè започнало кога една жена ги замолила постарите од 30 години да ги споделат работите за кои им е жал, а набрзо потоа почнала лавина со исповеди.

„Се обидувам да не размислувам за работите за кои жалам, но мислам дека најмногу ми е жал што долго останав во токсичен брак. Си ги уништив мозокот и самодовербата и ми беше потребно подолго време за преболување отколку што мислев.“

„Се омажив за маж кој доаѓаше од ‘добро семејство’, за моите родители да бидат задоволни бидејќи и јас сум во успешна врска, како моите браќа и сестри. На крајот ги поминав дваесеттите, триесеттите и поголемиот дел од четириесеттите со нарцисоидно малтретирање. Добрата страна е што имам две неверојатни деца и што сум сама и среќно сингл последниве четири години. Но колку посакувам порано да го послушав оној глас кој ми велеше да си одам…“

„Тоа што пред десетина години не ја исфрлив од животот мојата токсична мајка која ме злоставуваше.“

Многу жени зажалиле и поради тоа што со години се обидувале да ги достигнат невозможните стандарди за убавина.

„Поголемиот дел од своите дваесетти ѝ го посветив на анорексијата. Не сфатив што се случува сè додека не бев предлабоко во тоа. Сега професионално сум зад своите врсници, а оштетувањето на органите што ми го предизвика болеста веројатно ќе ме убие.“

„Жал ми е само што почнав да пушам. Престанав пред неколку години, но тоа што воопшто почнав е најлошата одлука што сум ја донела и единствената што би сакала да ја поништам.“

„Тоа што не почнав да користам крема за сончање порано во животот.“

Дознајте и за што жалат успешните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар