Забавата може да почне: 3 трикови кои ќе го отстранат мамурниот изглед

Сезоната на прославите и забавите се наближува, а со тоа, природно, доаѓа и еден не толку мал проблем – мамурниот изглед наутро. Следуваат трите трикови кои ќе ви помогнат да изгледате свежо и одморено и после лудите ноќи.

1. Краставички

(1) zabavata-mozhe-da-pochne-tri-trikovi-koi-kje-go-otstranat-mamurniot-izgled-kafepauza

Овој трик ќе го изведете со помош која сигурно ја имате во кујната – краставиците. Во сад со вода, додадете мраз (опционално, но потребно е водата да биде ладна) и сечкана краставица во форма на кругови. Ставете го лицето во водата и задржете го здивот колку што можете, за да може вашата кожа да ги впие повеќето смирувачки и освежувачки дејства на краставичките.

2. Зелен чај

(2) zabavata-mozhe-da-pochne-tri-trikovi-koi-kje-go-otstranat-mamurniot-izgled-kafepauza

Потоа, доколку имате зелен чај (соодветна замена е црниот чај или други чаеви со поголемо количество кофеин), на затворени очи ставете ги кесичките од чајот, малку топли, и ублажете ги видливите подочници. Држете ги две минути и дозволете кофеинот од чајот да ги стесни крвните садови и на тој начин да ги намали црните кругови околу очите.

3. Помалку шминка

(3) zabavata-mozhe-da-pochne-tri-trikovi-koi-kje-go-otstranat-mamurniot-izgled-kafepauza

Иако се чини дека шминката може да ги покрие сите последици од уморот и мамурлакот, напротив, таа може само уште повеќе да ги истакне. Наместо тоа, нанесете хидратантна крема и пудра, кои ќе го освежат вашето лице и ќе му дадат малку сјај.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар