9 добри дела за 9 дена: Разубавете го животот на оние околу вас

Не постои подобро чувство од знаењето дека сте имале позитивно влијание врз нечиј живот како резултат на вашиот труд. Со самото тоа што сте направиле нешто за да влијаете врз среќата на другите вие ќе ја подобрите вашата добросостојба и ќе привлечете позитивна карма кон себе.

9 добри дела за 9 дена: Разубавете го животот на оние околу вас

Ден 1 – Купете оброк за странец

Без разлика на ситуацијата, секогаш постојат можности да помогнете некому. Па, следниот пат кога ќе порачате храна, прашајте ја постарата жена која стои во редицата покрај вас дали ќе биде во ред доколку ѝ подарите парче пица. Ако каже да, подајте ѝ ја и не барајте ништо за возврат.

Ден 2 – Не се заблагодарувајте, оставете добар бакшиш

Започнете го денот со добрина, така што ќе го покажете вашето задоволство од добиената услуга со голем бакшиш за онаа личност која се потрудила да ви овозможи добро искуство. Ви гарантираме дека оваа добрина ќе ви се врати тогаш кога ќе ви биде најпотребна.

Ден 3 – Ослободете ја вашата пријателка од нејзините мајчини обврски

Дозволете ѝ на вашата пријателка малку да се одмори, така што ќе се понудите една вечер да ги чувате нејзините деца. Доколку таа работи многу или има голем број други обврски, помогнете ѝ и со стресот така што одвреме-навреме ќе помагате во нејзиниот дом.

Ден 4 – Вашата стара облека може да добие нов дом

Одвојте ја вашата стара облека, онаа која само ви собира прашина во шкафот и донирајте ја на оние кои немаат. Постојат голем број луѓе кои ќе ви бидат благодарни за вашата помош, дури и ако никогаш не дознаете за тоа.

Ден 5 – Помогнете на работа

Доколку забележувате дека обврските се насобираат и дека на вашиот шеф ќе му биде потребна дополнителна помош, понудете го вашето време и внимание. Менаџерите обожаваат кога нивните вработени се трудат повеќе бидејќи тоа покажува посветеност.

Ден 6 – Испечете торта за вашата баба

Да, точно е дека не постојат повкусни десерти од оние кои вашата баба ги прави, но токму трудот е оној кој се цени. Овој ден направете ваш таен рецепт и изненадете ја вашата баба со ненајавена посета. Сигурни сме дека и двете ќе уживате во вашите неверојатни способности за готвење.

Ден 7 – Посвојте го кучето кое отсекогаш сте го сакале

Постојат многу локални засолништа за животни со миленичиња на кои им е потребен дом. Па, доколку сте љубител на животните и отсекогаш сте сакале да чувате куче, тогаш 7-от ден можеби ќе биде вашиот среќен ден.

Ден 8 – Подгответе вкусен ручек за вашата најдобра пријателка

Секоја девојка има една пријателка која може да ја издвои над сите останати. Вие правите сè заедно и целосно го споделувате вашиот живот со неа. Токму затоа и време е да ѝ покажете дека навистина ја цените, а како поинаку би го направиле тоа освен со вкусен ручек?

Ден 9 – Учествувајте во добротворен настан за добра цел

Без разлика за кој настан ќе се одлучите, вие можете многу да помогнете со цел да ја поттикнете заедницата да учествува и да ја поддржи оваа добра цел. Замислете само колку би помогнале при наоѓањето лек за одредена болест или пак, при спасувањето нечиј живот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар