Паметните телефони повеќе не се во тренд. За 5 години ќе ги замениме со нешто друго!

Паметните телефони повеќе не се во тренд. За 5 години ќе ги замениме со нешто друго!

Телекомуникациските експерти проценуваат дека паметните телефони во наредните пет години би можеле да престанат да се употребуваат.


Извештајот, кој го опфати анкетирањето на 100.000 жители во Шведска и уште 39 други земји, открива дека мнозинството од испитаниците веруваат дека паметните телефони ќе станат уреди на минатото.

Сега, вниманието и интересот се пренасочуваат на вештачката интелигенција, односно на помагалата без екран. Многу истражувачи од полето на информатичката технологија предвидуваат дека носливите направи како Apple Watch, полека ќе почнат да ги заменуваат паметните телефони.

Паметните телефони и не се толку практични во рацете, на пример кога готвиме или возиме автомобил. Постојат и голем број други ситуации во кои уредите со екрани не се покажаа практични. Затоа се смета дека во рок од 5 години, паметните телефони ќе престанат да се употребуваат и ќе останат во заборав – коментира Ребека С. Ангсторм, дел од тимот на „Ериксон“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар