Веќе ништо нема да оди во канта: Како да ги искористите остатоците од овошјето и зеленчукот?

Поголемиот дел од нас, кога ги чистиме овошјето или зеленчукот, веднаш ги фрламе остатоците во канта, без да размислиме дали и како би можеле алтернативно да ги искористиме. Па, доколку сте расположение за експерименти, погледнете ги следниве интересни намени на остатоците што можат да ви го сменат искуството во кујната.

Како да ги искористите остатоците од овошјето и зеленчукот

1. Домашен јаболков оцет

Убаво измијте ја лушпата и другите остатоци од јаболкото и ставете ги во тегла. Прелијте ги со 470 милилитри вода. Додајте 2 лажички шеќер и добро измешајте. Внимавајте лушпата да биде добро потопена, бидејќи во спротивно ќе мувлоса. Прекријте ја теглата со газа или филтер за машина за кафе, доколку имате. Оставете да отстои една недела на собна температура, но промешувајте ја секој ден. Кога ќе забележите дека има меурчиња, исцедете го оцетот и оставете го уште неколку дена, односно сè додека не ја добие киселоста што ја посакувате.

Вака подготвениот оцет може да потрае дури до една година ако го чувате цврсто затворен и во фрижидер.

2. Лушпа од јаболко како извор на хранливи влакна

Лушпата од јаболко можете да ја додадете во смуди за да му го збогатите вкусот и да го збогатите здравиот пијалак со повеќе хранливи влакна.

3. Чај од лушпи од јаболка

Сварете ги лушпите од 3 јаболка со стапче цимет и 2 лажички шеќер. Ќе добиете прекрасен топол пијалак, совршен за овие есенски денови.

4. Чипс од лушпи од јаболка

Ставете хартија за печење врз плехот и наредете ги лушпите од јаболката. Посипете ги со мешавина од 3 лажички шеќер и 1 лажичка цимет. Печете 30 минути на 150 степени.

5. Чипс од остатоци од зеленчук

Остатоците од пашканат, морков и компир посипете ги со маслиново масло, а потоа со лук во прав, црвен пипер, бибер и сол по вкус. Измешајте добро и печете 8-10 минути на 200 степени.

6. Кора од лимон и портокали

Исечете или изрендајте кора од лимон или портокал, па замрзнете ја за подоцна или додајте ја веднаш во пијалаците, десертите и салатите. Со кората од лимонот можете да го збогатите и маслиновото масло. Корите од 4-6 лимони ставете ги во маслиново масло и оставете ги да вријат на тивок оган 15 минути. Потоа извадете ја кората и истурете го маслото во шише. Чувајте го во фрижидер неколку недели.

7. Природни средства за чистење

Врз корите од 4 портокали истурете 470 милилитри оцет и оставете ги да отстојат 1-2 дена. Откако ќе ги процедите, половина од течноста треба да се раствори со иста количина вода. Ставете 3 кори од цитрон во блендер и матете сè додека не добиете прав. Во добиената прав додајте 60 грама сода бикарбона и 60 грама крупна сол, промешајте. Со ова средство можете да ја чистите машината за садови.

Дознајте и како да ги претворите остатоците од храна во здрави оброци на креативен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар