Џем од круши со шампањ: Магична есенска комбинација

Зарем не звучи привлечно оваа неодолива комбинација? Ова е новиот џем што ќе заземе почесно место во вашата кујна.

Потребни состојки:

  • 30 круши
  • 1 килограм шеќер
  • 1,5 лажичка цимет
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица палента (за згуснување)
  • 230 милилитри шампањ

Начин на подготовка:

Излупете ги, исчистете ги и исечкајте ги крушите на парчиња.

Во одделен сад промешајте ги шеќерот, палентата, ванилата, циметот и шампањот. Мешајте сè додека шеќерот не почне полека да се топи. Ставете ги крушите во тенџере, па посипете ги со смесата.

Ставете го тенџерето на тивок оган и повремено мешајте. Потребни се неколку часа за џемот добро да згусне. Откако добро ќе згусне, тргнете го тенџерето од шпоретот и ставете го во блендер. Истурете го во претходно стерилизирани топли тегли, избришете ги рабовите од теглите и цврсто затворете ги. На крај загрејте ги и теглите во рерна.

Уживајте!

Доколку крушите се едно од вашето омилено овошје пробајте го и овој вкусен рецепт за полнети круши.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар