Топ 5 совети вашата коса да изгледа фантастично и за време на летото

Сонцето и топлото време можат многу да ја оштетат вашата коса. Да не заборавиме и на морската вода, како и на хлорот од базените кои исклучително штетно влијаат врз неа. Но, доколку ги послушате советите кои следат, вашата коса ќе биде поубава и пожива од кога било порано.

1-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_

1. Масло за коса

Маслото за коса би требало да го регенерира сето она што сонцето и водата го исушиле. Исто така, тоа ќе помогне да се создаде „анти-фриз“ ефект.

2. Фризурата како спас

Фризурата во бохо стил или лесна плетенка се сјајни решенија за оние моменти кога ќе сакате да изгледате убаво, а немате време за фенирање. Постојат толку многу комбинации, на пример, можете да ги сплетете само предните прамени, да ја сплетете целата коса во ниска плетенка, да направите некоја фризура со вметнати плетенки во неа и слично… Изборот е голем, а одлуката е ваша!

3. Еднаш неделно, после миењето, нанесете маска за коса која регенерира

Како што е наведено, еднаш неделно, ниту почесто, ниту поретко, после миењето на косата нанесете хранлива маска. На тој начин ќе ја вратите косата во живот. Меѓутоа, запомнете дека доколку имате бојадисана коса не смете да ја држите маската подолго од 10 минути, со цел да ја зачувате вашата боја. Од друга страна пак, доколку пливате во базен, маската ќе го задржи хлорот подалеку од вашите влакна.

2-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_

4. Пена за коса

Можеби сте заборавиле колку пената за коса може да биде практична. Односно, доколку нанесете малку пена за коса додека е уште мокра, дури и да ја исушите на сонце и ја стиснете со раката или пак да ја исплетете во плетенка, откако ќе ја пуштите ќе добиете прекрасни и лежерни локни. Секако, секогаш предложуваме што помалку да употребувате фен, и целосно да заборавите на пресите за коса и фигарото.

5. Спреј со УВ фактор

Доколку сте на плажа или во текот на денот сте многу изложени на сонце, задолжително нанесете спреј со УВ фактор кој може да ви помогне барем малку да ја зачувате косата од оштетување. Од друга страна пак, лесниот шешир е секогаш добра опција за на плажа, но и за во град.

3-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_

Водете сметка за вашата коса во текот на летото и пуштете ја што повеќе да се одмори за да изгледа прекрасно во наредните месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар