Ал Хамра: Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонцето

Ал Хамра е дестинација која со текот на годините сè повеќе се наоѓа на списокот на омилените дестинации за необична авантура и една од најстарите во Оман. Стои во подножјето на планината околу 400 години и сите куќи се изградени од кал.

Ал Хамра: Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонцето

Повеќето куќи се напуштени и трошни, а шетањето низ тесните улици во текот на ноќта е посебно искуство. Може да се каже, и тест за храброст за оние кои се плашат од темнината. Веднаш штом сонцето ќе зајде над хоризонтот, само мачките можат да се справат во темнината, затоа што нема улично осветлување.

Една од омилените активности на туристите е искачување на покривите и уживање во погледот, односно фотографирање. Ако одлучите да патувате во Ал Хамра, сместување може да побарате во Бајт Аjабала, што е најблиску до искуството на спиење во типични кал куќи. Иако сместувањето е скромно (со душеци на подовите), појадокот е вклучен во цената и велат дека е е исклучително вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.

Ал Хамра е позната и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Не пропуштајте го блиското село Мисфат Ал Абриин кое се смета за едно од најубавите во земјата.

Ал Хамра: Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонцето
Ал Хамра: Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонцето

Ал Хамра: Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонцето

Ал Хамра: Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонцето

Прочитајте и за овој идиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар