Тестот „4С“ ќе ви открие колку сте навистина здрави

Тестот „4С“ ќе ви открие колку сте навистина здрави

Според експертите, само 2,7% од луѓето на Земјата водат здрав живот. Сега можете и вие да одредите колку сте всушност здрави со помош на еден едноставен тест. Иако можеби се храните здраво и вежбате како што ви кажал тренерот, тоа не значи дека сте навистина здрави. Всушност, здравите луѓе водат сметка за нивната психичка и физичка состојба од раѓањето, па сè до смртта. Нашето тело е програмирано да ја преработува храната и да ја претвора во енергија што ја користиме и ментално и физички. Но нашето тело не е програмирано за денешниот брз начин на живеење, па процесот на прилагодување може да потрае.

За да откриете во каква состојба е вашето здравје, постои едноставен тест наречен „4С“, односно спиење, секс, стрес и социјална интеракција. Погледнете за што станува збор.

1. СПИЕЊЕ

Тестот „4С“ што ќе ви открие колку сте навистина здрави

Зошто е важно?

Спиењето ја одржува рамнотежата во вашето тело. Кога не спиете доволно, телото буквално само преживува и сите функции се извршуваат со минимална енергија. Мора да му дадете можност на организмот да се обнови и да се врати во нормална состојба пред повторно да продолжи со работа.

Каде се наоѓате вие?

Кога ќе слушнете дека се потребни најмалку 7-8 часа сон секоја вечер, веројатно најпрво помислувате дека немате време за тоа. Ако пак сфатите дека вам ви се потребни 9 часа спиење за нормално функционирање, веројатно ќе се исплашите за вашето здравје. Пред да почнете да паничите, запрашајте се дали наутро можете да се разбудите без будилник и дали лесно ви почнува денот.

Што можете да направите?

Ако одговорот на претходното прашање е не, тогаш за почеток легнувајте си порано. Легнувајте сè порано, сè додека не почнете да се будите пред будилникот. Исто така немојте да си легнувате гладни бидејќи на организмот му се потребни хранливи материи во текот на ноќта за да се регенерира.

2. СЕКС

Тестот „4С“ што ќе ви открие колку сте навистина здрави

Зошто е важен?

Сексот е одличен за целокупното здравје на организмот – ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунитетот, ги намалува болките и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Хормоните што се лачат за време на сексот го стимулираат и размножувањето на клетките на кожата. Кога доживувате оргазам, дури тогаш целосно се ослободувате од стресот бидејќи амигдалата која е одговорна за него целосно се „исклучува“.

Каде се наоѓате вие?

Експертите сметаат дека не е важно колку пати сте имале секс во текот на неделата, туку колку пати сте уживале во односот со партнерот.

Што можете да направите?

Не е лошо на листата со обврски да го ставите и сексот. Сепак, тој е најздрав кога се случува спонтано. Поработете на емоционалната поврзаност со партнерот и обрнете повеќе внимание на предиграта, со цел полесно да доживеете оргазам.

3. СТРЕС

Тестот „4С“ што ќе ви открие колку сте навистина здрави

Зошто е важен?

Не е тајна колку штета предизвикува стресот на вашиот организам. Она што е полошо е тоа што луѓето се гневни затоа што си дозволиле да почувствуваат гнев, а со тоа го зголемуваат и нивото на стрес. Кога сте под стрес, немојте да бидете гневни поради вашата состојба, бидејќи на тој начин само ја влошувате ситуацијата.

Каде се наоѓате вие?

Размислете колку пати во текот на денот сте почувствувале гнев за истите работи и колку пати сте гневни поради стресот што си го предизвикувате. Кога ќе го соберете сето ова, ќе се зачудите како воопшто можете да функционирате.

Што можете да направите?

Најпрво, дури и ако сте навистина гневни, обидете се да не размислувате на тоа и да продолжите со денот како и вообичаено. Кога ова ќе ви стане навика, гневот нема да има влијание на вас и секогаш ќе ја анализирате ситуацијата пред да чувствувате стрес во врска со неа.

4. СОЦИЈАЛНА ИНТЕРАКЦИЈА

Тестот „4С“ што ќе ви открие колку сте навистина здрави

Зошто е важна?

Луѓето се битија кои имаат потреба од дружење. Покрај тоа, полесно им е да опстанат во групи. Дружбата со други луѓе е собирање на позитивна енергија која подоцна се користи за правилно функционирање на умот и телото.

Каде сте вие?

Размислете колку време минувате на работа, колку време спиете и колку време поминувате дружејќи се со пријателите. Уште поважно е и како се одвиваат овие дружби. Доколку го минувате времето разговарајќи за проблеми и одново и одново ги доживувате истите чувства на бес, тага и разочарувања, тогаш не сте направиле ништо.

Што можете да направите?

Обидете се да го сведете бројот на пријатели на минимум, но тоа да бидат луѓе чие друштво секогаш ви годи. Имајте на ум дека подобро е да имате малку, но квалитетни пријателства. Исто така важно е секогаш да се смеете со овие луѓе, бидејќи од радоста никогаш не е премногу.

Погледнете и која е врската помеѓу менталното здравје и начинот на исхрана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар