Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и негувана кожа

Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и негувана кожа

Летото е период кога најголем дел од кожата ни е изложен на сончеви зраци, поради што треба да посветиме особено внимание на нејзиното негување. Благодарение на солениот пилинг за лице и тело, кожата во текот на летните месеци ќе остане доволно хидрирана и ќе ја задржи својата нежност. Солениот пилинг е едноставен за правење и за користење.

(1) Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и влажна кожа

Потребни состојки:
  • 100 грама морска сол
  • 200 грама ладно цедено маслиново масло
  • 10 капки етерично масло од лаванда
Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа земете од пилингот и со нежни кружни движења измасирајте го целото тело. Пилингот е најдобро да се исплакне со млака вода и кожата сама да се исуши, без бришење.

Карактеристики:

Ситната морска сол ќе ги отстрани мртви клетки и грубата кожа, особено на лаковите, на стапалата и петите. Солта во содејство со етеричното масло од лаванда ќе делува антибактериски, а лавандата ќе овозможи лесно чувство на свежина на телото. Кожата веднаш ќе го впие маслиновото масло, а тоа ќе ја збогати со своите корисни состојки, како што се витамин Е и ќе овозможи задржување на нејзината влажност.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар