Што навистина се случува кога сте 5 години во врска?

Пеперутките во стомакот денес се сметаат за класичен симптом на вљубеност. Но многу луѓе во долги врски се разочаруваат кога ќе исчезнат. Ова го истакнала една корисничка на Тамблр која опишала како изгледа нејзината врска после 5 години. Во нејзината објава, таа на одличен начин покажала како заедничкиот живот ја трансформира љубовта.

Што навистина се случува кога сте 5 години во врска?

Има веќе 5 години откако сум во врска. Секој ден на социјалните мрежи гледам објави за тоа како да се биде во врска со човекот на вашиот живот значи постојано да имате пеперутки во стомакот.

Многу луѓе веруваат дека љубовта е вистинска само ако секогаш кога таа личност ќе влезе во просторијата срцето ви чука забрзано, ако секоја вечер се галите, поминувате време испреплетени во креветот и секоја вечер спиете прегрнати.

Можам да ви кажам дека ова воопшто не е така. Барем не за мене…

Штом ќе почнете да живеете заедно, пеперутките исчезнуваат. Срцето повеќе не ви забрзува секој пат кога ќе погледнете во него. Наместо тоа, сè се смирува. Кога сте во иста просторија со него, се чувствувате смирено и сигурно. Кога се галите со него, вашето срце чука бавно, а звукот на неговото дишење ве теши и ве заспива. Повеќе не сте на луда железница од чувства, туку сте дома.

Повеќе не спиете прегрнати и испреплетени. Наместо тоа спиете удобно еден покрај друг, многу често свртени на спротивни страни. Сепак секоја вечер забележувате како се вгнездувате во близина на неговите раце, или му ја галите косата додека спие. Има ноќи кога моето заспано момче во сонот ја пушта раката кон мојата страна од креветот, или само ме повлекува кон него како дете што повлекува кадифена играчка. Јас сум сега неговата утеха, сигурност и мир.

Рано наутро, кога целиот свет е заспан, се вгнездувам на неговите гради, го вдишувам неговиот мирис пред повторно да заминам во светот на соништата.

Бакнежите повеќе не се страсни и романтични како некогаш. Но сега ги има повеќе. Тоа се студени бакнежи од сладолед, лепливи бакнежи од џемот за време на појадокот. Тоа се бакнежи „одам на работа“ и „само уште еден бакнеж за по пат“. Тоа се поспани утрински бакнежи кои подобро ве будат од секој будилник. Има ли подобар начин да се започне денот од усни на усни?

Тоа се бакнежи за добра ноќ, бакнежи кои велат „мило ми е што те љубам тебе, а не некој друг“ или „колку си добар со животните“. Тоа се кратки бакнежи помеѓу полиците во продавницата. Кога сè околу вас е забрзано и гласно, се вртите еден кон друг, се барате, се наоѓате.

Кога наместо да ја цените вашата слобода и нему да му ги дадете неговите слобода и простор, вие сте слободни еден со друг и најубаво ви е кога ќе се доближете и ќе го поминете просторот што ве разделува.

Повеќе не си испраќате пораки секој час во кои ја изјавувате или потврдувате вашата љубов. Сега љубовта се подразбира. Од романтичните изливи на љубов сега сте напреднале на ниво на внатрешни шеги во врска со животот што го градите заедно. Ги разбирате вашите зачудени погледи, негодувања, воодушевувања во јавноста – имате ваш мал свет наспроти оној надворешниот.

Врската не е бајка. Не е огномети. Престанува да биде тоа после почетокот.

Наместо тоа врската е тивок ритам на љубов и грижа. Таа не е оган што ја гори вашата душа, туку пламен што ве грее додека удобно сместени потонувате во сон.

И јас го сакам тоа.

Дали знаете кои се врските што се најцврсти и што траат најдолго?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар