Секојдневни фрази кои најчесто ги сфаќаме погрешно

Комуникацијата е неопходна за да опстанеме. Замислете како ќе изгледаше светот доколку луѓето не можеа да зборуваат. Многу е важно како комуницираме со останатите, исто така подеднакво важно е како комуницираат другите со нас. Некогаш треба да внимаваме на изборот на изрази кои ги користиме, но што се случува со фразите кои ги упатуваат до нас или ние ги упатуваме некому, а сепак ги сфаќаме погрешно? Следниве фрази најчесто ги сфаќаме погрешно, а сепак немаат лоша конотација…

„Жал ми е, но…“

Со оваа фраза најчесто се обидуваме да ублажиме некоја непријатна вест, но тоа не функционира секогаш така. Изразот „Многу ми е жал, но…“ содржи контрадикција – сè што ќе кажете пред „но“ се поништува со зборовите што доаѓаат. Подобро не кажувајте „Многу ми е жал“ во една реченица со непријатни информации. Ако сакате да покажете сочувство кажете: „Се грижам за вас“, „Жал ми е поради тоа што се случи“ или „Примете го моето сочувство“.

„Кога една врата се затвора, друга се отвора“

Ваквите обиди за да ја утешите саканата личност исто така често знаат да изгледаат досадно. Во моментите на очај оваа измислена филозофија нема смисла зошто ваквите зборови служат само за да се каже нешто. Откако нешто ќе биде направено тогаш многу е релевантно да кажете: „Кога една врата се затвора, друга се отвора“. Тогаш дефинитивно нема да бидат кажани празни зборови.

„Можеби ќе звучам сурово, но јас сум само искрен“

Најсуровите зборови често се кријат зад добрите намери. Запомнете дека вие не можете да одлучувате што е подобро за другите, дури и ако гледате дека личноста ќе направи видлива глупост, а вие сакате да ја спречите затоа што сте сигурни дека сте во право. Пред да кажете што било, најпрво прашајте за дозвола: „Може ли да бидам потполно искрен/а со вас?“, „Дали сте подготвени да слушнете што навистина мислам?“ Со други зборови, дајте им на другите шанса да кажат „не“. Дури и ако се согласат со вашата искреност мора да размислите два пати пред да кажете нешто некому.

„Мораш да се смириш“

Малку е веројатно дека некој се смирил од оваа фраза. Секако, малку луѓе успеваат да ја препознаат во напливот на емоции, така да оваа фраза може да звучи одбивно. Не се обидувајте да им диктирате на останатите што треба да чувствуваат и што треба да избегнуваат.

„Јас сум она што сум“

Луѓето го велат ова кога се обидуваат да ја докажат својата вредност и принципи. Но, другите често ја перципираат оваа реченица во искривена смисла. Фразата „јас сум таква личност“ звучи за тие што ја слушаат, како што е „Не сум отворен/а за компромис и не сум подготвен/а за промена“. Подобро е одма да се сконцентрирате на вашата вредност и да објасните зошто за вас нештото е неприфатливо наместо да изјавите „Јас сум она што сум“

„Нема причина да бидеш вознемирен/а“

Ова е уште еден обид да утешиме некого, а со тоа да предизвикаме иритација. Тоа што се случило за некого е многу важно и затоа таа личност е малку поемотивна. Сите имаме различен став за нештата и различно ги доживуваме работите – некој ќе изгуби сè што имал и пак ќе остане позитивен, додека некому и расправијата со касиерот во супермаркет ќе му претставува трагедија.

„Жал ми е поради вас“

Со овие зборови се обидуваме да изразиме сочувство, но сожалувањето нема позитивна репутација. Не сите сакаат да се чувствуваат патетично, за некои луѓе ваквата фраза звучи навредливо. Фактот дека сте останале блиски и сте ја подржале личноста значи дека веќе ви е грижа за неа и дека на тој начин сте изразиле сочувство. Изјавите на сожалување не се воопшто потребни.

Колку од овие фрази употребувате во вашето секојдневие? Кои од фразите ви ги упатувале вас?

Прочитајте и за овие 6 мотивациони фрази кои сигурно ви здодеало да ги слушате и нивното вистинско значење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар