Пристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?

Пристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?

Прашањето е старо колку и самото туширање – Дали е подобро да се истуширате во вечерните часови или наутро? И додека повеќето се раководат според личните потреби, експертите од Универзитетот „Харвард“ конечно пронашле одговор и на ова прашање.

Пристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?

Откриле дека не постои никаква разлика во чистотата на телото помеѓу луѓето кои се тушираат наутро или навечер, така што од хигиенска гледна точка, времето не влијае на самиот чин.

Но, постојат и други нешта кои влијаат на туширањето – пред сè, состојбата на организмот.

Значи, не е добро да се ограничите само на утринско или на вечерно туширање, туку треба да се прилагодите и на ситуацијата во која се наоѓате.

Според психологот на Универзитетот „Харвард“, Шели Карсон, утринскиот туш е подобра опција кога работите под стрес, или кога треба да бидете креативни. Ваквиот туш ќе ве релаксира, па когнитивните процеси ќе се регенерираат и решенијата сами ќе ви надоаѓаат.

Забавната страна на туширањето

  • Околу 8% од луѓето пеат под туш,
  • Околу 2% од нив се посветени на самото туширање,
  • Околу 90% од нив донесуваат животни одлуки за време на туширањето.

Вечерен туш

Студијата покажува дека тушот пред спиење е добро решение за луѓето кои имаат проблем вистински „да се одморат“ и да се наспијат, затоа што туширањето го намалува нивото на хормонот на стрес, кортизол. Тушот ја регулира температурата на телото и има ефект на ладење, а тоа е природен начин да се подготвите за спиење.

Дерматолозите, исто така, сметаат дека туширањето во вечерните часови е подобро за оние со проблеми со кожата бидејќи себумот и разните загадувачи се акумулираат во кожата во текот на денот.

Не користете сапун или гел за туширање секогаш!

Експертите предупредуваат дека секојдневното туширање, колку и да е пријатно и пожелно во услови на изложеност на топлина и потење, не е толку здраво за кожата бидејќи ги суши природните масти кои служат како заштита. Агресивните агенси во многу хигиенски средства како СЛС (содиум лаурет сулфат) и парабените, може да предизвикаат прекумерно сушење на кожата, па дури и потење, па затоа се советува само повремено да користите гелови за туширање и почесто да се туширате само со обична вода.

Навиките за туширање се често и културолошки, па така во Азија, на пример, луѓето се тушираат почесто во вечерните часови, додека во САД луѓето обично се тушираат наутро.

Можеби сакате да дознаете и зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар