Зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?

Зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?

Едно истражување спроведено од страна на Американското здружение за микробиологија открило дека ставањето капаче на четката за заби е всушност нехигиенски начин на нејзино одржување. Изненадени ли сте?

Зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?

Ваквиот начин не ја штити четката од бактерии, туку создава идеално опкружување за нивен развој, спречувајќи ја можноста таа целосно да се исуши по употребата.

Секоја бања е малку повлажна од другите простории, па ставањето капаче на четката за заби воопшто не е добра идеја.

А како да ја заштитиме четката кога патуваме? Експертите советуваат да користите капаче што има многу мали отвори кои овозможуваат воздухот да циркулира и дозволува влакната да се исушат. Сепак, дома, четката треба да се остави отворена. Најдобар начин на чување на четката за заби е во исправена положба.

Не живеете сами? Купете чаша што има посебни дупки во кои треба да ги поставите четките за заби индивидуално за да го спречите контактот меѓу нив (многу е нехигиенски тие да се допираат меѓусебно).

Можеби сакате да прочитате и за тоа дали вашето дете користи премногу паста за заби и зошто е тоа лошо за него?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар