Реченици што жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“

Иако изјавата „те сакам“ е најмоќната реченица во светот што сите сакаат да ја слушнат како потврда за љубовта, сепак постојат неколку реченици што жените повеќе би сакале да ги слушнат. Овие изјави покажуваат дека за успешна врска е потребно многу повеќе од љубов.

Реченици што жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“

1. Ќе ти простам

Ќе ти простам за сите невнимателно кажани зборови по напорниот ден.

Ќе ти простам за сите оние ситуации во кои не бевме свесни како се повредуваме.

Ќе ти простам за сите големи и мали грешки.

2. Ќе се жртвувам за тебе

Ќе го жртвувам моето време за нешто што сакаш да го правиш.

Ќе останам покрај тебе додека се грижиш за нашето бебе иако рано наутро треба да одам на работа.

Ќе направам нешто убаво за тебе затоа што си настината.

3. Ќе те почитувам

Ќе те почитувам за сè што си.

Ќе ги почитувам твоите чувства, мислења, уникатност.

Ќе ги почитувам твоите соништа и желби.

4. Ќе те поддржувам

Секогаш ќе ти го чувам грбот.

Можеш да се потпреш на мене и секогаш ќе се трудам да имаш сè што ти треба.

Кога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш.

5. Ќе те заштитувам

Ќе ја заштитам нашата љубов.

Ќе нè штитам од оние што не ни посакуваат добро.

Ќе ти бидам прибежиште и безбедно пристаниште.

Ќе бидам некој на кого секогаш можеш да му веруваш.

6. Секогаш ќе бидам среќен што си со мене

Повеќето личности остануваат покрај луѓето што им простуваат, што ги поддржуваат, што им помагаат да станат кога ќе паднат, што се многу повеќе од само едно „те сакам“.

Прочитајте ги овие пет митови за врските и за бракот што ги учите од околината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар