Погрешни убедувања за сродните души кои ви го комплицираат љубовниот живот

Љубовниот живот не може да биде едноставен, иако мудрите луѓе постојано се обидуваат да ги поедностават сите работи и да ги сведат на својата суштина. Во таа смисла, сфаќањата за сродните души исто така треба подобро да се разбере и да се прифати. Овие убедувања, кои сме ги усвоиле од филмовите и романтичните литератури, го комплицираат она што всушност е многу едноставно. Во продолжение прочитајте ги најчестите верувања за сродните души на кои веднаш треба да заборавите.

Close up of human hands touching with fingers

1. Сродната душа треба да се пронајде

Таа не е изгубена, па да ја пронаоѓате, а освен тоа воопшто и немате контрола од тој вид. Немате никакво влијание на времето, местото и начинот на кој вашата сродна душа ќе се појави. Сѐ што можете е да бидете отворени за запознавање на сродната душа. Егото е тоа кое верува во контрола на животот, додека животот е истовремено мудар, див и мистериозен, но и фрустрирачки. Вашата сродна душа влегува во вашиот живот кога најмалку очекувате и се случува интуитивно да ја препознаете, да ја почувствувате или да ја сонувате уште пред таа да се појави.

2. Сродната душа ги исполнува вашите очекувања

Законот за привлечност не функционира онака како што најчесто ви се сервира на филмското платно. Не е доволно само да ја визуализирате, замислувате и повикувате вашата сродна душа. Вашите мисли и потсвеста ја рефлектираат вашата реалност, па сродната душа често не е некој кој свесно го сакате, туку некој кој потсвесно го привлекувате, бидејќи ви е потребен внатрешен раст и развој.

3. Сродната душа останува со вас, без разлика на сѐ

Утешно е да верувате дека постои „засекогаш заедно“, но ова убедување создава многу непотребно патење. Луѓето се обидуваат да го задржат она што им е драгоцено, потпишуваат хартии и сметаат на „заедно додека смртта не нѐ раздели“. Но, вашата сродна душа понекогаш може да остане со вас и само едно годишно време.

4-pogreshni-ubeduvanja-za-srodnite-dushi-koi-vi-go-kompliciraat-ljubovniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

4. Постои само една сродна душа

Ова е многу индивидуално и чувствително убедување. Ако ја прифатите можноста дека имате повеќе сродни души (и имате искуство во тоа), обично и понатаму верувате дека имате само една близначка сродна душа. Но, ако прифатите дека сродните души не се само партнери и луѓе, тогаш имате навистина широка перспектива, која ги поедноставува вашите љубовни односи – љубовта е широка и сеопфатна и не е резервирана само за романтични и партнерски односи.

5. Сродната душа значи страст

Врските со сродните души може да бидат целосно платонски без сексуални или љубовни тенденции и чувства. Со други зборови, вашата сродна душа може да биде вашиот најдобар пријател или пријателка. А, и сите ваши пријатели може да бидат ваши сродни души.

3-pogreshni-ubeduvanja-za-srodnite-dushi-koi-vi-go-kompliciraat-ljubovniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

6. Сродните души се луѓе

Прашајте ги оние кои во своите домашни миленици препознале силно духовно присуство, автентична личност и почувствувале длабока поврзаност со тие животни. Тоа е врска која ги надминува ограничувањата на комуникацијата помеѓу различни видови, го разубавува животот и внесува во него драгоцено искуство после кое повеќе не сте исти.

7. Сродните души се од спротивниот пол

Вистината е дека може да се случи на романтичен и сексуален начин да препознаете длабока врска со личност од ист пол и со тоа да бидете целосно шокирани, доколку себеси се доживувате и дефинирате како хетеросексуална личност. Помеѓу останатото, затоа и ја сретнувате на таков начин – да ги проширите вашите граници и да ја прифатите вашата единствена човечка сексуална природа.

8. Сродните души се сингл

Веќе спомнавме дека љубовта е комплицирана. А, ова е една од најкомплицираните и најкомплексни ситуации во средбите со сродната душа, кога таа е веќе зафатена, односно кога веќе се обврзала со некој друг. Сродните души вибрираат на фреквенција која е посилна од хемијата или заедничките интереси, па затоа останува изборот – да продолжите понатаму или да растурите нечиј брак. Ужасно болен, но важен катализатор за понатамошното растење.

2-pogreshni-ubeduvanja-za-srodnite-dushi-koi-vi-go-kompliciraat-ljubovniot-zhivot-www.kafepauza.mk_

9. Со сродните души односот е лесен и спонтан

Не е. И понатаму е комплицирано и комплексно. Врската помеѓу сродните души бара време за да се изгради, трпение, толеранција, повредување и простување, како и секоја друга врска. Без негување и вложување, врската нема да опстои сама.

10. Сродните души ве исполнуваат

Сродната душа не е половината која ви недостига. Ние сме целосни и личноста со која длабоко се поврзувате е исто така своја и целосна. Со сродната душа, треба да бидете како две огледала, помошници и катализатори за духовно растење. Секој од вас може сам и секој од вас е свесен за привилегијата што има прилика да ја подигне својата свест и да го забрза своето растење заедно со сродната душа. Ова убедување е популарно, затоа што нè охрабрува да веруваме дека со некој можеме да ја споделиме својата одговорност за среќа и исполнет живот. Но, тоа доведува само до претерана зависност од партнерот, до креирање токсична атмосфера во врската и чувство на изнемоштеност. Сето она што ви е потребно се наоѓа во вас – љубов, прифаќање, радост. Двете сродни души не се апсорбирани во односот, напротив, тие се слободни и свои и една на друга се огледало и поддршка во развивањето на свеста за тоа.

Погледнете какви видови на сродни души ќе сретнете во текот на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар