Овие 36 прашања може да ве натераат да се заљубите, да се зближите и да ги запознаете другите луѓе

Овие 36 прашања може да ве натераат да се заљубите, да се зближите и да ги запознаете другите луѓе

На сите им е јасно дека има нешто посебно во разговорите што траат долго во ноќта, особено кога тие се случуваат помеѓу луѓе кои само што се запознаваат. Но, дали некогаш сте се запрашале дали има прашања што можат да ги поврзат луѓето на подлабоко ниво и да им помогнат да се вљубат едни во други? Токму тоа е тезата на популарните „36 прашања што водат кон љубов“, односно на експериментот што стана популарен поради виралниот есеј, а кој беше инспириран од вистински психолошки експеримент. Овие прашања станаа толку популарни што луѓето денес ги носат на првиот состанок и им се припишуваат на парови кои одат на психотерапевт поради проблеми во врската.

Овие 36 прашања може да ве натераат да се заљубите, да се зближите и да ги запознаете другите луѓе

Кои се 36-те прашања за заљубување?

Таканаречените 36 прашања што доведуваат до заљубување ги смислиле психолозите Артур Арон и Елејн Арон со помош на уште неколку други научници за да дојдат до одговор на прашањето дали двајца странци можат да развијат чувства еден кон друг поставувајќи интимни прашања. Овие прашања станаа неверојатно популарни откако Менди Лен Катрон ги објави во 2015 година во својата колумна за „Њујорк Тајмс“.

Список на прашања

Прв сет прашања

1. Ако можете да изберете некого, кој би ви бил гостин на вечера?

2. Дали би сакале да бидете познати? На кој начин?

3. Дали пред да остварите телефонски повик, некогаш го вежбате телефонскиот разговор во главата? Зошто?

4. Како изгледа вашиот совршен ден?

5. Кога последен пат сте пееле за себе, а кога пред другите?

6. Ако знаете дека ќе живеете до 90 години и дека можете да изберете да имате тело или ум на 30-годишник во последните 60 години од вашиот живот, што би избрале вие?

7. Дали имате претпоставка како ќе умрете?

8. Изберете три работи во кои вие и партнерот (со кого одговарате на прашањата) сте слични.

9. За што сте најмногу благодарни во животот?

10. Да можевте да промените нешто во врска со вашето воспитување, што би промениле?

11. Раскажете ја вашата животна приказна за 4 минути, колку што е можно подетално.

12. Ако можете да се разбудите утре со кој било квалитет или способност, што би било тоа?

Втор сет прашања

13. Ако добиете шанса некој да ја предвиди вашата иднина, да ви каже нешто за вас и за вашиот живот, што би сакале да знаете?

14. Дали постои нешто за кое сонувате долго време, а што не сте се обиделе да го постигнете? Зошто не?

15. Кое е најголемото достигнување во вашиот живот?

16. Што најмногу цените во пријателството?

17. Кое е вашето најценето сеќавање?

18. Кое е вашето најлошо сеќавање?

19. Ако откриете дека ќе умрете за една година, дали би го смениле начинот на живеење? Зошто?

20. Што е пријателство за вас?

21. Кои улоги ја играат љубовта и наклонетоста во вашиот живот?

22. Наизменично (и двајцата испитаници) кажете пет позитивни карактеристики на потенцијалниот партнер.

23. Колку се блиски членовите на вашето семејство едни со други? Дали мислите дека вашето детство беше посреќно од она на повеќето други луѓе?

24. Како се чувствувате за односот што го имате со вашата мајка?

Трет сет прашања

25. Наведете три изјави со „ние“. На пример, „и двајцата се чувствуваме… во оваа просторија“.

26. Завршете ја изјавата: „Сакам да имам некој со кој ќе можам да споделам…“

27. Ако знаете дека ќе станете блиски пријатели со партнерот, кажете нешто важно што треба да го знае таа или тој.

28. Кажете ѝ на личноста со која ги одговарате прашања што навистина ви се допаѓа кај неа и бидете искрени.

29. Споделете засрамувачки момент што сте го доживеале во вашиот живот.

30. Кога последен пат плачевте пред друг, а кога без ничие присуство?

31. Кажете му на вашиот партнер што веќе ви се допаѓа кај него.

32. Која тема е премногу сериозна за шеги за сметка на истата таа тема?

33. Ако умрете одеднаш и немате можност да разговарате со никого, за што најмногу би жалеле за неискажаното? Зошто не го кажавте тоа?

34. Вашиот дом е во пламен, откако ги спасивте вашите најблиски и домашните миленици, имате време да земете само уште една работа. Што е тоа и зошто токму тоа?

35. Од сите луѓе во вашето семејство, чија смрт ќе ве погоди најмногу?

36. Кажете некој ваш проблем гласно. Личноста со која разговарате нека се обиде да најде решение за тоа и да ви го каже своето мислење за тоа како се чувствувате вие во врска со проблемот.

Дали овие прашања навистина помагаат?

Сопружниците Арон, заедно со тим експерти, работеа на овие прашања и истражувања една деценија и дојдоа до заклучок дека одговарањето на прашањата навистина ги зближува луѓето. Ова, се разбира, зависи од степенот на искреност при одговарањето. Ако не одговорите искрено на прашањата, не можете да очекувате ниту позитивни резултати. Но, и покрај фактот што овие прашања можат да ги зближат дури и оние луѓе кои се гледаат првпат, тоа не значи дека ова зближување ќе доведе до врска.

Се прашувате зошто? Бидејќи одговорите на овие прашања може да ви покажат дека вие и личноста со која ги одговарате прашања имате многу различни карактери. Но, во секој случај, одговорите на овие 36 прашања можат да ве откријат многу работи. Можете да ги одговорите со вашиот сегашен партнер, со потенцијален партнер, со најдобрите пријатели и со луѓе за кои не сте сигурни дали сè уште ги сакате во вашиот живот.

Прочитајте кои 5 едноставни прашања треба да си ги поставите пред да се смирите со поранешниот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар