Ова се 4-те најздрави диети: Променете ги навиките во исхраната и ќе ослабете! - Part 2

Ова се 4-те најздрави диети: Променете ги навиките во исхраната и ќе ослабете!

3. Диета на клиниката Мајо

Ова е првата службена диета која ја смислиле стручниот тим на познатата клиника од Минесота. Станува збор за пирамида на правилна исхрана со нагласување на некои видови производи, а не на количините. Подножјето на пирамидата се состои од овошје и зеленчук, кое треба да го консумирате во големи количини. Потоа следуваат житарките, за кои се препорачуваат од 4 до 8 сервирања на ден. Како извор на протеини се препорачува немасното месо, риба и млечни производи во количина од 3 до 7 сервирања на ден. На врвот на пирамидата, застапени во најмала мера, се наоѓаат мастите и слатките.

4-ova-se-4-te-najzdravi-dieti-promenete-gi-navikite-vo-ishranata-i-kje-oslabete-www.kafepauza.mk_

4. ТЛЦ диета

Ова диета е при врвот на листата на најдобри диети поради поволното дејство врз здравјето на срцето и крвните садови и ефикасноста во слабеењето, додека истовремено не е сложена за држење. Ја креирал Американскиот државен институт за здравје, кој препорачува дека внесувањето на заситените масти би требало да биде помало од 7% од вкупното енергетско внесување, а на мастите помеѓу 25% и 35% од вкупното енергетско внесување.

Integral cookies and wheat on white

Внесувањето на натриум не би требало да биде поголемо од 2.400 мг дневно.

Гладувањето никако не е препорачливо, бидејќи треба да се консумира адекватна количина на енергија во калории поради одржување на идеалната телесна маса и нивото на холестерол.

Во продолжение погледнете како изгледа дневното мени за секоја диета.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар