Ова се 4-те најздрави диети: Променете ги навиките во исхраната и ќе ослабете!

Ова се 4-те најздрави диети: Променете ги навиките во исхраната и ќе ослабете!

Во денешно време сите се опседнати со слабеење, диети и разни начини да ја доведат својата фигура до совршенство. Но, колку од тие начини се природни, здрави и безбедни? Ова се најздравите диети кои постојат. Па така, медитеранската диета ја нарекуваат кралица на диетите, ДАШ и ТЛЦ диетите се темелат на намалување на заситените масти, а диетата на клиниката Мајо ги промовира промените во прехранбените навики.

1-ova-se-4-te-najzdravi-dieti-promenete-gi-navikite-vo-ishranata-i-kje-oslabete-www.kafepauza.mk_

1. Медитеранска диета

Таа е една од најздравите облици на исхрана која освен што влијае на зачувување на здравјето, помага и здраво и ефикасно да се изгубат вишокот килограми. Медитеранската исхрана обилува со свежо, сезонско овошје и зеленчук, кои според препораките се консумираат по 5 порции на ден. Производи специфични за медитеранската диета се: риба и морски плодови, маслиново масло како замена за заситените масти, зелен лиснат зеленчук, како на пример блитва и спанаќ, овошје (грозје, диња, калинка).

Grilled sea bream

Во медитеранската диета битен е и начинот на подготовка на храната. Рибата најчесто кратко се пече на скара, се готват рибни чорби, а најретко се пржи. Зеленчукот се јаде зготвен со додаток на маслиново масло. Рибата би требало да се најде на менито најмалку три пати во неделата.

2. ДАШ диета

Ова диета од нутриоционистички поглед е многу квалитетна и ги осигурува сите потребни нутриенти. Првобитно е смислена како диета за оние кои патат од висок крвен притисок, но се покажала како успешна и во симнувањето на големиот број килограми. Основната идеја на оваа диета е да се ограничи внесувањето на заситени масни киселини и сол.

Од менито се исфрла масното месо и масните производи (како што се млекото и млечните производи со висок процент на масти), а внесувањето на морски плодови и месо од живина се ограничува на 3 порции неделно. Менито се сведува на житарки и мешунки, а се нагласува и свежото овошје и зеленчук кое би требало да се внесува од 8 до 10 порции.

3-ova-se-4-te-najzdravi-dieti-promenete-gi-navikite-vo-ishranata-i-kje-oslabete-www.kafepauza.mk_

Дозволени се слатки како компот, пудинг и овошен јогурт од помалку масно млеко. Имате три главни оброци, а меѓуоброците се препорачуваат доколку се појави јако чувство на глад. Тогаш може да се земе овошје, јаткасти плодови или интегрална бисквита. Внесувањето на сол би требало да го ограничите на максимално пола до една лажичка на ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар