Лош љубовник: Што треба да направите за да стане подобар помеѓу чаршафите?

Лош љубовник: Што треба да направите за да стане подобар помеѓу чаршафите?

Некои мажи се раѓаат како добри љубовници, но секој може да го научи она што не го знае и да стане сосема солиден дури и во она за што нема некој посебен талент. Вие ја имате таа чест – од него да направите маж, да ги откриете неговите скриени таленти или доволно да го научите за да стекне самодоверба. Што и да преземете, сигурно ќе стане подобар од она што бил на почетокот. Еве што е потребно за да го подобрите.


0-losh-ljubovnik-shto-treba-da-napravite-za-da-stane-podobar-pomegju-charshafite-kafepauza.mk

1. Не глумете задоволство

Тоа ќе го наведе да мисли дека сѐ е во ред, иако не е. Глумата нити ќе ви го подобри односот нити ќе постигнете напредок во неговото подобрување. Ако ви е грижа за него – бидете искрени. Можеби тој ќе биде целосно обесхрабрен, но ако му е грижа, ќе го цени тоа што не го отфрлате туку настојувате да ги истражите можностите и заедно да откриете како да уживате еден во друг.

2. Преземете улога на учителка

Некои нешта морате да му ги кажете со зборови и да ги покажете со постапки. Тој веројатно нема доволно искуство, или пак ниедна жена со која бил не била доволно трпелива и заинтересирана, па ќе морате да го пребродите отпорот, срамежливоста и блокадата – и неговата и вашата. Можеби и сами ќе мора да се потрудите да откриете што треба да го научите, а тоа не е лесно ако и самите немате доволно искуство или пак сте срамежливи.

3. Лош во кревет?

Па добро, не мора да значи дека тој е виновен или дека таква е дијагнозата, но без разлика што е, вие мора да го пребродите тоа. Ако досега мажите се прилагодувале на вашите желби, сексуални навики и однесување во кревет, тогаш време е да ги преземете нештата во ваши раце – да ги откриете можностите и начините, наместо да се нервирате и да се жалите дека вашето момче го бива за сѐ, освен за задоволување жена.

Предизвик е да го обучите, разбудите и да му помогнете да се пронајде преку интимни односи. За разлика од прифаќање на незадоволувачкиот секс или раскинувањето – искреноста, нежноста и трпението можат да помогнат за промена на нештата. Не се откажувајте без борба. Можеби ќе бидете наградени онака како што никогаш не би можеле да си замислите.

4. Обезбедете му доволно пракса

Знаете дека талентот е залуден без пракса. Ниеден талент нема да се истакне без пракса, вложено време и напорна работа. Праксата може да резултира со успех, дури и ако нема талент на кој може да се потпира. Истрајноста во одржување на ерекцијата доволно долго може да се вежба – исто како и пишувањето со другата рака.

Од вежбањето и практиката се создава самодоверба, а со тоа доаѓа поголема релаксираност во нештата во кои бил или сте биле несмасни. Тоа значи дека исчезнува притисокот за постигнување нешто, се создава доверба и најважно, се зголемува задоволството.

Вака, неискусниот, трапав и брз љубовник добива можност да открие какво е чувството да се пружи задоволство, колку е добро да се биде опуштен и да не се плаши од неуспех, каква привилегија е да ѝ го пружи на жената она што го сака, точно онака како што сака и колку е корисно да се познаваат добрите техники во моментите кога се препушта на страста. Тогаш нештата сами ќе тргнат. Добриот секс се учи како возењето кола – кога еднаш ќе ги усогласите рацете и нозете, тие самите управуваат со командите, а вие уживате во возењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар