Отворено писмо до сите девојки со скршено срце: Сосема во ред е да се чувствувате лошо!

Скршеното срце е едно од најтешките состојби со кои се соочува човечкото тело. Но, тоа не значи и дека е невозможно за надминување. Животот продолжува понатаму, а наше е само да научиме како да се справиме со своите емоции и да бидеме доволно храбри да ги запомниме добрите моменти со цел да знаеме што да бараме во следниот партнер. Имајќи го ова на ум, една анонимна девојка што поминала низ истото, сакајќи да им помогне на сите во оваа и слична ситуација, споделила прекрасно отворено писмо што навистина вреди да се прочита.

Знам дека страдате. Знам дека сте скршени на илјадници парчиња. Знам дека сте празни. Сосема е во ред да им дозволите на солзите да ви се разлеат по лицето, притоа дарувајќи му на срцето подарок за заздравување, бидејќи токму тие ќе ви донесат ослободување, удобност и леснотија длабоко во вашата душа.

Сосема е во ред да си дозволите гласно да плачете, за да ја исфрлите острата болка од срцето. Не се воздржувајте, едноставно препуштете им се емоциите и почувствувајте ги во целост додека излегуваат низ вас без контрола. И сè ќе биде во ред. Исто како што сонцето секогаш се појавува по бурата, така и вие ќе се составите откако ќе се распаднете.

Сосема е во ред одвреме-навреме да си дозволите да им ја препуштите контролата целосно на емоциите. Во овие моменти на гласно плачење, вие ја исфрлате осаменоста и тагата од вас, и потоа веднаш почнувате подобро да се чувствувате. Нема потреба да се извинувате кога солзите ви се тркалаат по образите, бидејќи тие се прекрасен дожд од внатрешна бура што не треба да се потиска. Тие излегуваат однатре кон надвор бидејќи со себе ја изнесуваат болката што ве притиска во градите.

Исто така, сосема е во ред и да си дозволите да продолжите понатаму и да ја свртите следната страница од вашиот живот. Понесете ги со себе сите прекрасни сеќавања и искуства што ќе ви помогнат да научите како да си ја обликувате иднината со вистинска среќа. Без разлика на тоа што следува, секогаш чувајте го срцето отворено и следете го каде и да ве води.

Скршеното срце само делува како да е крајот на светот, но тоа всушност е самиот почеток на една сосема нова и свежа авантура. Да, навистина ќе ви биде тешко да се навикнете на празнината што се сместила во вашата душа по ова лошо искуство, но верувајте ми кога велам дека станува подобро. Сè што треба да направите е секојдневно да се потсетувате дека сте прекрасни и дека заслужувате љубов – токму тоа е најдобриот начин на којшто можете да живеете.

Живејте прекрасен живот и секогаш, секогаш сакајте се себеси!

До сите повредени девојки: Престанете да го чекате оној кој ви го скршил срцето!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар