Сè што треба да знаете за медот од манука

Дали некогаш сте чуле за мед од манука и дали тој навистина вреди за високата цена? Ние направивме мало истражување и решивме да ги споделиме со вас нашите откритија. Прочитајте во продолжение што сè треба да знаете за овој мед.

Медот од манука доаѓа од пчелите што ја опрашуваат грмушката манука, којашто расте во Нов Зеланд и Австралија. Тој има земјен вкус и е многу погуст од обичниот, но може да се користи на истиот начин како и останатите видови мед.

Но, што е тоа што го прави поразличен од другите? Скоро сите видови мед имаат некаков вид антибактериски и антивоспалителни состојки (благодарение на јаглеродниот пероксид), но медот од манука содржи и висока концентрација метилглиоксал, што ги прави неговите антибиотски состојки многу посилни. Голем број истражувања покажале дека овој мед може да помогне при помали рани и изгореници, како и во битката со инфекции и да го забрза заздравувањето. Некои корисници дури тврдат и дека може да го намали холестеролот, да помогне при дијабетесот и да го спречи ракот, но сè уште нема научни докази на оваа тема.

Ако сакате да го пробате, можете да најдете мед од манука со добар квалитет онлајн, но имајте на ум дека тој воопшто не е евтин (цената на една тегла е над 1.300 денари). Исто така, ако решите да порачате или да купите од околна продавница за здрава исхрана, тогаш обрнете внимание на Уникатниот манука фактор (Unique Manuka Factor) – станува збор за скала што ја развиле произведувачите на мед со цел да ја рангираат потенцијата на медот. За најдобри резултати, експертите велат да барате УМФ рејтинг над 10.

Медот од манука без сомнение носи повеќе здравствени придобивки од стандардниот мед, но имајте на ум дека и тој е шеќер, па внимавајте да не претерате. Исто така, ако сте алергични на пчели, разговарајте со вашиот доктор пред да го пробате.

Мед и цимет: Волшебна комбинација која ќе ви го промени животот ако ја консумирате навечер!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар