Неколку причини зошто треба почесто да јадете диња

Неколку причини зошто треба почесто да јадете диња

Ова летно овошје припаѓа на истата фамилија во која спаѓаат лубеницата, тиквата и краставицата. Дињата е богата со витамини и минерали. Содржи голем процент на витамини Ц и Б, бета каротин, како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо. Исто така, дињата содржи три пати повеќе калиум од лубеницата.

Благодарение на големиот процент вода, околу 95%, нискиот процент на шеќер и одличниот мирис и вкус, ова овошје е идеално летно освежување.

Водата од дињата ја стимулира работата на бубрегот, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на хранливи влакна кои ги содржи, помагаат при варењето на храната. Бета каротинот помага во борбата против тумор, а последните истражувања покажале дека дињата може да се користи и во борба против неколку вида рак.

Кои се другите причини поради кои треба да јадете диња почесто?

1. Дињата е идеална за детоксикација на организмот и помага при заштита на организмот. 100-грамско парче диња содржи 300 милиграми калиум кој помага при отстранувањето на натриумот од телото, при што се намалува високиот крвен притисок.

2. Во минатото, сокот од диња се користел за ублажување на болката. Доколку сакате да се ослободите од болката, болното место премачкајте го со сок или пак ставете ситно сечкани парчиња диња.

3. Во народната медицина дињата се користи за освежување и смирување.

4. Дињата е корисна и во борбата против камења во бубрезите, како и против болести на жолчката и цревата.

5. Таа се користи за ублажување на убод од инсекти и изгореници.

6. Дињата не здебелува, па е идеална доколку сакате да ослабете.

Дознајте повеќе за 5 овошја кои имаат афродизијачки ефект и го зачинуваат сексуалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар