7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна!

7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна!

Речиси и да не постои човек што ја нема користено оваа пудра. Вашите мајки како мали ја употребувале кога се грижеле за вас, потоа вие сте ја ставале на кожата на вашите бебиња, а денес ја користат луѓе од сите возрасти поради нејзината широка намена.

7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна

Бебешката пудра навистина има моќи, а во продолжение прочитајте зошто и вие треба да ја користите.

1. Ќе се ослободите од мравките во домот

Секое лето се соочувате со истиот проблем? Децата разнесуваат трошки во домот, а мравките се собираат околу нив. Тие се појавуваат во секоја просторија и за наша среќа, не ја сакаат бебешката пудра. Посипете на местата каде што се појавуваат и ќе се уверите дека ќе ги снема.

2. Ќе ги спасите ружите од билните вошки

Доколку не ги сакате пестицидите и вештачките раствори со кои мора да се прскаат ружите, слободно ставете им бебешка пудра на врвовите од грмушките и вошките ќе исчезнат.

3. Ќе ги заштитите рацете

Дали знаевте дека ќе ги заштитите рацете ако ставите бебешка пудра во градинарските ракавици или на дршката од алатот? На тој начин нема да ви се појавуваат плускавци од напорната работа.

4. Ќе ги смирите уморните нозе

Ако стапалата ви се уморни и потечени од долго стоење или од некоја друга напорна активност, после миењето со ладна вода ставете им бебешка пудра. Таа има смирувачко дејство на вашата кожа, а исто така и ќе ја омекне.

5. Можете да ја користите за суво миење на косата

Ако косата ви е доста мрсна, а немате можност да ја измиете, по темето сипете малку од бебешката пудра и убаво расчешлајте. Косата ќе ви мириса убаво и ќе изгледа како свежо измиена.

6. Ќе го отстраните непријатниот мирис од обувките

Носењето затворени чевли, патики и чизми честопати предизвикува непријатен мирис кај обувките поради потење на стапалата. За да се решите од него во обувките сипете малку детска пудра и оставете ја да отстои во текот на ноќта. Пудрата ќе го неутрализира мирисот и ќе ја впие влагата.

7. Ќе ви помогне да имате убави трепки

Ако сакате трепките да ви изгледаат погусти, ставете малку бебешка пудра пред да нанесете маскара. Ќе ве воодушеви ефектот што ќе го добиете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар