Маслинови дрвца – нов голем тренд за секој дом
Во секој дом е потребно одредено растение, за да ја направи атмосферата поубава, а колку повеќе има, толку е подобро. Всушност, научно е докажано дека тие може да ви помогнат да се опуштите, да се инспирирате да бидете креативни, а и да го прочистат воздухот околу вас. А се чини дека нареден голем тренд во врска со растенијата во домот ќе бидат токму маслиновите дрвца.

Дали сте знаеле дека можете да ги одгледувате и во саксија? Сигурно повеќето ќе дадат негативен одговор. Но, вреди да се обидете и во вашите простории да внесете мал италијански шарм.

Можете да оберете мали или големи растенија, во зависност од тоа дали сакате да пополните помал или поголем простор.
































